fbpx

Сириец повреден во тепачка на железничката станица во Гевгелија

-

Триесет и осумгодишен мигрант од Сирија бил повреден во тепачка меѓу две групи илегални мигранти што синоќа околу 23.30 часот се случила на железничката станица во Гевгелија, информираат од полицијата.

Во тепачката мигрантите употребиле разни предмети.

По инцидентот сирискиот државјанин бил пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, каде лекарите констатирале повреда на грбот од остар предмет.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...