fbpx

Тепачка за паркинг-место пред „Мавровка“

-

На булеварот Филип Втори Македонски, вчера, во 15 часот, пред влезот на подземната паркинг-гаража во Трговскиот центар „Мавровка“, Е.Р. (27) од село Студеничани, го паркирал возилото марка „голф“ на тротоарот, по што настанала тепачка со С.Ш.(36) од Скопје, вработен во фирмата „Франк“, која стопанисува со подземната гаража.

Во тепачката дошло до кршење на задното ветробранско стакло на автомобилот. Потоа Е.Р. со шипка го удрил С.Ш. во пределот на главата, кој паднал на асфалтната површина, а Е.Р. го напуштил местото оддалечувајќи се во непознат правец и оставајќи го возилото.

Со возило на Итната медицинска помош, С.Ш. е пренесен во болницата „Св. Наум Охритски“, каде му е констатирана фрактура на черепот со крварење од увото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...