fbpx

ДЗС: Годишната инфлација во мај е 11,3 отсто

На годишно ниво, статистичките податоци за мај 2023 година покажуваат дека трошоците на живот се зголемиле кај храната за 14,8 отсто

-

Трошоците на живот во мај 2023 година се зголемиле за 11,3 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во мај 2023 година, споредено со април годинава, трошоците на живот се зголемиле за 0,4 отсто, додека цените на мало се намалиле за 0,9 отсто.

На годишно ниво, статистичките податоци за мај 2023 година покажуваат дека трошоците на живот се зголемиле кај храната за 14,8 отсто, а најголем раст кај прехранбените продукти е регистриран кај месото од 23,4 отсто и кај лебот и житата од 20,1 отсто.

На месечно ниво споредено со април 2023 година, Државниот завод за статистика регистрирал намалување на трошоците за маслото и маснотиите за 2,4 отсто, млекото за 1,6 отсто и на лебот и житата за 0,7 отсто.

Наспроти ова, пораст на трошоците на живот во мај споредено со претходниот месец е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 13,3 отсто, како и на свежото и разладеното овошје за 8,5 отсто. Пораст на цените на месечно ниво е регистриран и кај рибата и морските плодови за 1,6 отсто, додека кај другите прехранбени производи трошоците на живот се зголемиле за помалку од 1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Терористички напад во Анкара, се разнесе бомбаш самоубиец

Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на турскиот парламент, пренесе Би-би-си. Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека „еден...