понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ГАК | 18 резултати

Медицинска сестра суспендирана од работа, ненамерно пресекла дел од прст на бебе

декември 26, 2023

Немил настан се случил на одделот за новородени деца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК). За време на испис на новороденче, акушерка ненамерно му пресекла мал дел од палецот на бебето. Ова го соопштија денеска од Министерството за здравство, како што велат, по добиениот одговор од ГАК. Дежурниот педијатар, додаваат од таму, постапил […]

За еден месец три сестри си заминале од ГАК, директорката се жали на недостиг од вработени

ноември 17, 2023

„Се работи 24 часа без можност за одмор. Вработените, особено докторите на овој оддел, немаат можност да го искористат ниту правото на годишен одмор, заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука“, изјави денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска, на одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родените деца. […]

Јовановска: Се доближуваме до најразвиените земји кога станува збор за преживување на предвремено родените деца

ноември 17, 2023

Денеска се одбележува 17 Ноември, Светскиот ден на предвремено родените деца – 17. Министерот за здравство Фатмир Меџити ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) и соопшти дека годинава се продолжува трендот на сериозно намалување на смртноста на предвремено родените бебиња. Годинава (од 01.01.2023 до 14.11.2023), вкупната смртност на прематурчиња и на критично болни […]

Почина родилката која скокна од првиот спрат на ГАК, неколку дена по породувањето

јули 15, 2023

Почина 39-годишната родилка која се породи со прво дете на скопската гинеколошка клиника, откако се фрли од првиот кат на клиниката, неколку дена по породувањето. Родилката починала околу 21 часот вечерва и покрај обидите на лекарите од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) да се изборат за нејзиниот живот. Жената скокна од […]

Вонреден испекциски надзор на Клиниката за гинекологија

јули 4, 2023

По вчерашниот обид за самоубиство на 39-годишната родилка во Клиниката за гинекологија, се извршува вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат, соопшти Министрерство за здравство. Комисијата е на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. Родилката сè уште е во животозагрозувачка состојба и покрај операцијата по падот. Директорката на […]

Четврти потврден случај на делта сојот во земјава, има и четири сомнителни случаи

јули 6, 2021

Кај нас досега имаше потврдени три случаи на новиот делта сој на корона вирусот, а вчера е потврден уште еден случај. Пациентот се лекува во Велес и има лесна клиничка слика. Чекаме и резултати за уште други четворица пациенти, кои се лечат во Скопје. Од нив, еден е на респиратор, другите се со стабилна клиничка […]

Абортусот со лекови отсега достапен на скопската Клиника за гинекологија и акушерство

април 20, 2021

На Клиниката за гинекологија и акушерство од денеска е достапна алтернативната метода за прекин на бременоста со помош на медикаменти. Проектот за медикаментозен абортус започна да се спроведува на почетокот на годинава од страна на ХЕРА и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (УГАК), со цел да се подобрат капацитетите на јавното здравство за обезбедување […]

ГАК доби Дневна болница за абортуси, а ќе се набави и робот-хирург

јануари 8, 2021

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) доби нов простор за Дневна болница и сала за киретажа, што претставува современо опремен мини центар за изведување на абортуси. „Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија, со што значајно се зголемува капацитетот. Тука се изведуваат абортусите, со целосно опремени нови кревети. Дневна […]

Иницијативата на жените од Шуто Оризари побара решавање на случајот со починатата родилка на ГАК

септември 21, 2020

Од Иницијативата на жените од Шуто Оризари повторно алармираат за немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари, како и за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари. Нивната реакција доаѓа по последниот случај со починатата родилка и нејзиното бебе на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. „Ги повикуваме Државниот здравствен и […]

Новороденчињата на Клиниката за гинекологија бесплатно ќе добиваат пелени

јуни 5, 2018

Новороденчињата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ќе добиваат бесплатно пелени и влажни марамчиња, што досега ги купуваа нивните родители. Пелените и влажните марамчиња ќе ги донира компанијата „Бора“ која денеска ја официјализираше соработката со ГАК. – Со производите на „Бора“ ќе се грижиме за најмалите, но посебно важно е дека ќе се надмине […]

Министерство за здравство преку комитет ќе се бори против смртноста на новороденчињата

април 20, 2018

Во Министерството за здравство вчера се одржала конститутивна седница на новиот состав на Комитетот за безбедно мајчинство, информираат од институцијата. Нов претседател на комитетот е доц. д-р Ана Данева Маркова од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Една од првите задачи на овој комитет ќе биде изготвување на анализа на актуелната ситуација во оваа област […]

Министерство за здравство ќе презема итни мерки откако починаа 35 бебиња за три месеци

април 10, 2018

Министерството за здравство соопшти дека ќе се преземаат итни мерки, откако од почетокот на годината до крајот на минатиот месец починале 35 бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Во тој период на клиниката биле родени 1.155 бебиња, од кои 144 предвреме родени. Починатите 35 бебиња биле од последната група, а од […]

Гинекологија ќе добие аванс од ФЗОМ за да ја одблокира сметката

април 5, 2018

Проблемот со блокираната сметка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје е решен и клиниката ќе добие аванс за да ја одблокира сметката, објави претпладнево министерот за здравство Венко Филипче. Тој тврди дека работењето на ГАК не е загрозено и дека ќе има плати за вработените. Клиниката ќе добие пари во форма […]

Четири бебиња во инкубатори починале за една ноќ на Гинекологија, докторка е суспендирана

септември 29, 2017

Ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица, четири бебиња во инкубатори починале на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврдија од Министерство за здравство, нагласувајќи дека дежурната докторка таа вечер е суспендирана, а била формирана и комисија за да го истражи случајот. Нејзиниот конечен заклучок се очекува денеска. Според соопштението, четирите […]

Страна 1 од 1