fbpx

Јовановска: Се доближуваме до најразвиените земји кога станува збор за преживување на предвремено родените деца

Годинава вкупната смртност на прематурчиња и на критично болни новороденчиња на ЈЗУ У ГАК е 5,6 проценти, со тенденција и понатаму истата да паѓа, рече Меџити. Колку за споредба, рече тој Северна Македонија во 2016 година била на врвот на смртноста на новороденчиња во Европа

-

Денеска се одбележува 17 Ноември, Светскиот ден на предвремено родените деца – 17. Министерот за здравство Фатмир Меџити ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) и соопшти дека годинава се продолжува трендот на сериозно намалување на смртноста на предвремено родените бебиња. Годинава (од 01.01.2023 до 14.11.2023), вкупната смртност на прематурчиња и на критично болни новороденчиња на ЈЗУ ГАК е 5,6 проценти, со тенденција и понатаму истата да паѓа, рече Меџити.

Колку за споредба, рече тој Северна Македонија во 2016 година била на врвот на смртноста на новороденчиња во Европа, а проценот во изминатите години се движел од 25 проценти во 2016, 21 процент во 2017, 16 проценти во 2018, а веќе од 2021 година почнува значително да опаѓа (8,9 проценти), во 2022 година 8,2% и годинава 5,6 проценти.

„Прематуритетот останува глобален проблем и водечка причина за смртност на деца до петтата година, додека дел од преживеаните деца се борат со тешки компликации по здравјето. Бројките зборуваат за драстичен пад на процентот на смртност кај предвремено родените бебиња, на што сме особено горди, а тоа се должи на навистина огромниот ангажман на целиот персонал од одделот за неонатална интензивната нега (ОИНТ) и на сериозната инвестиција во персонал, знаење и во најсофистицирана и најсовремена апаратура“, рече доц.Д-р Викторија Јовановска, директорка на ГАК.

Таа рече дека за одбележување е факот што во 2023 година, во добра здравствена состојба дома заминале 6 прематуруси родени во 26 гестациска недела, едно во 25 гестациска недела и два родени во 24 гестациска недела.

„Нашата држава сериозно се доближува до најразвиените земји во светот кога станува збор за преживување и на предвремено родените новороденчињата со најмала гестациска недела и тежина“, рече Јовановска.

Д-р Рената Димитриовска – началник на одделението за интензивна нега и терапија, се осврна на примената на нови методи кои почнуваат да се применуваат и на интензивната нега на ГАК.

„ГАК континуирано ги следи препораките на СЗО со што се приближува кон светското семејство на достигнувања. Клиниката полека, но сигурно почнува да го имплементира процесот на кенгурирање, најбитниот момент и контакт помеѓу предвреме роденото бебе и родителите“, изјави таа.

Од Владата на Република Северна Македонија соопштија дека се приклучуваат кон одбележување на овој ден со цел да се подигне свеста за предизвиците и за товарот на предвременото породување и како да се овозможат најдобрите здравствени услови за предвремено родените деца да преживеат и напредуваат.

„Разбирајќи ја потребата за соодветна грижа на предвремено родените деца, Владата на Република Северна Македонија посветено работеше и продолжува да работи на обезбедување на сите неопходни услови во здравствените установи за да се излезе во пресрет на потребите на овие деца“, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека трендот на зголемени вложувања во капиталните инвестиции во здравствениот сектор и стимулирање на работата на вработените во јавните здравствени установи со зголемени плати ќе продолжи и понатаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...