Маричиќ: Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не, слободата на медиумите е апсолутна

Вицепремиерот за европски прашања додаде дека, ако новинарите оценат дека треба, Владата е подготвена да разговара и да донесе соодветни законски измени за новинарите да се чувствуваат позаштитено и за да се зајакнат медиумските слободи

-

Да немате дилеми дека Владата целосно стои зад заштита на медиумските слободи. Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела, а правото на протест е сосема легитимно, особено кога новинарите се чувствуваат загрозено, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со судската пресуда за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и денешните новинарски протести, вицепремиерот порача судиите кои судат вакви случаи да бидат „извонредно внимателни“ и да ги консултираат европските стандарди.

„Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Може да биде ограничена само под законски услови, по меѓународни стандарди од меѓународните конвенции кога се работи за говор на омраза или слично. Конкретната пресуда вие ја оценувате како скандалозна, но пресуда се укинува само со друга пресуда на повисок суд и може да се промени“, изјави Маричиќ.

Тој додаде дека, ако новинарите оценат дека треба, Владата е подготвена да разговара и да донесе соодветни законски измени за новинарите да се чувствуваат позаштитено и за да се зајакнат медиумските слободи.

„Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела и мислам дека новинарската фела таа можност треба да ја искористи, да ја зајакне саморегулацијата заради заштита на сопствената професија. Така ќе помогне и на Владата, а Владата е целосно подготвена ако новинарите, нивните здруженија или генерално медиумската фела смета дека е потребна дополнителна законска измена за да се зајакне заштитата на новинарите и на медиумските слободи и за новинарите да се чувствуваат позаштитено, тоа да го слушне, да го разговара и да предложи такви соодветни законски измени“, рече вицепремиерот за европски прашања.

Маричиќ потсети дека годинава беа усвоени измените на Кривичниот законик каде се зајакнува заштитата на новинарите од напади на говор на омраза, закани или други видови загрозувања.

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството.

Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од протестот беа упатени повици властите да не обидуваат да посегнат по правото на независно информирање и да не се прави институциска цензура во корист на моќниците.

Новинарите на протест: Не на цензурата

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Црвен крст: Досега се собрани 21 милион денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Црвениот Крст на Република Северна Македонија информираше дека досега се обезбедни вкупно 20.932.654 денари, средства наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. „Црвениот крст упатува голема благодарност на сите...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој...