fbpx

За еден месец три сестри си заминале од ГАК, директорката се жали на недостиг од вработени

Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри коишто не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, борбата за живот на дете од 500-600 грама е огромна одговорност за вработените, рече директорката на ГАК Викторија Јовановска

-

„Се работи 24 часа без можност за одмор. Вработените, особено докторите на овој оддел, немаат можност да го искористат ниту правото на годишен одмор, заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука“, изјави денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска, на одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родените деца.

Таа вели дека Клиниката за гинекологија и акушерство се соочува со сериозен недостаток на персонал како педијатри и медицински сестри.

„Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри коишто не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, борбата за живот на дете од 500-600 грама е огромна одговорност за вработените“, рече директорката на ГАК.

Таа појасни дека има вработени кои остануваат тука, но, работата на тој оддел се сведува на работа на млади луѓе, „коишто можат и мораат да трчаат постојано, да се борат, за секој човечки живот“.

Сето ова го слушна и министерот за здравство Фатмир Меџити, кој седеше до Јовановска на прес-конференцијата. Таа апелираше не само до него, туку и до сите други надлежни што е можно побргу да се одобрат вработувања за да може побргу и да се реализираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...