fbpx

ГАК доби Дневна болница за абортуси, а ќе се набави и робот-хирург

-

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) доби нов простор за Дневна болница и сала за киретажа, што претставува современо опремен мини центар за изведување на абортуси.

„Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија, со што значајно се зголемува капацитетот. Тука се изведуваат абортусите, со целосно опремени нови кревети. Дневна болница којашто ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна оваа интервенција“, потенцираше министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиумите при посета на Клиниката.

Тој исто така најави почнување на постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија, кој ќе се користи најмногу од страна на експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...