fbpx

Четврти потврден случај на делта сојот во земјава, има и четири сомнителни случаи

-

Кај нас досега имаше потврдени три случаи на новиот делта сој на корона вирусот, а вчера е потврден уште еден случај. Пациентот се лекува во Велес и има лесна клиничка слика. Чекаме и резултати за уште други четворица пациенти, кои се лечат во Скопје. Од нив, еден е на респиратор, другите се со стабилна клиничка слика, информираше пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Тој заедно со директорката на Клиниката за гинекологија информираа за новите амбуланти кои од денеска се ставени во функција.

„Ако се потврдат новите четири случаи, ќе бидат вкупно осум регистрирани кај нас. Нема епидемиолошка поврзаност меѓу случаите. Не биле вакцинирани. Сега излегуваат соодветно издржани публикации од Британија во однос на тежината на клиничката слика и во однос на ефикасноста на вакцините. Во однос на ефикасноста на вакцините, тие штитат од потешка клиничка слика“, кажа Филипче.

Тој рече дека од земјите во регионот, Грција бара ПЦР тест и потврда за вакцина и е единствената земја во која за влез се бараат тие документи.

„И исто така тоа е единствената земја во која има пораст на случаи. Мора да бидеме внимателни. Во повеќе од сто земји е регистриран овој сој“, додаде Филипче во однос на делта сојот на корона вирусот.

Ако се промени епидемиолошката слика, Комисијата за заштита од заразни болести ќе се состане и ќе одлучува за евентуални мерки. Во овој момент, Филипче рече дека нема притисок во болниците. Кажа и дека засега е многу рано да се каже дали ова може да го одложи стартот на учебната година.

Со ставањето во употреба на новата ургентна амбуланта на Гинеколошко-акушерската клиника, министерот кажа дека се унапредува целиот процес на клиниката.

„Ова е институција која го менаџираше третманот на жените родилки кои беа позитивни на ковид-19, со изолирани делови во амбулантата и интензивното лекување. Регистрирано е и преполовување на новороденечката смртност за период од две години и таков резултат нема ниедна земја во светот. Оваа нова ургентна амбуланта дневно опслужува 60 жени. Исто така има и амбуланта за медикаментозен абортус, оваа опција им се нуди и на нашите жени, со што волјата на жената е ставена на прво место. Изминативе месеци околу 150 жени имале медикаментозен абортус, а 240 имале стандардна оперативна процедура“, информира министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...