fbpx

ДСЗИ: ГАК да утврди одговорност за родилката што се обиде да се самоубие – не ѝ бил обезбеден психијатар

Побарани се и добиени изјави од здравствени работници и соработници на клиниката, поврзани со лекувањето и третманот на родилката, наведено е во соопштението на ДСЗИ

-

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), со решение ќе наложи на одговорните лица на Клиниката за гинекологија и акушерство, да спроведат постапка за утврдување на одговорност од здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување доктор, специјалист по психијатрија за родилката која по неколку дена по породувањето, скокна од првиот кат на Клиниката и е во критична состојба.

Ова е наведено во информацијата на здравствените инспектори, кои извршија надзор по несреќата, во која родилка (39) скокнала во обид да се самоубие. Жената е сè уште во критична состојба.

„При надзорот, извршен е увид во основната медицинска документација за пациентката (електронски медицински дневник, историја на болест), како и во интегрираниот информатички систем „Мој Термин“. Побарани се и добиени изјави од здравствени работници и соработници на клиниката, поврзани со лекувањето и третманот на родилката“, информираат во ДСЗИ.

Оттаму информираат дека при вонреден инспекциски надзор на Клиниката за психијатрија, во присуство на медицициснкиот директор проф. д-р Стојан Бајрактаров е констатирано дека амбулантите во склоп на клиниката функционираат.

„И покрај тоа што во моментот клиниката се реновира, во секое време во тек на 24 часа може да се оствари комуникација со лекарите. Од извршениот надзор на оваа клиника, не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање. Од извршениот надзор во ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани“, наведено е во соопштението од ДСЗИ.

Директорката Викторија Јовановска на 3 јули изјави дека бебето што го родила мајката ѝ било прво и дека станувало збор за посакувана бременост.

„Не можам да кажам дали имала историја на психолошки проблеми. Овде на клиниката немала некои посебни проблеми. Не сакала да го дои бебето, но тоа не се случува прв пат кај нас“, рече директорката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...