По пишувањата на Порталб, Е-репорт Тетово со функционален број

Овој проблем постои од уште од претходното раководство на општината, а продолжи да трае до пред неколку недели и за време на актуелното раководство

Принтскрин од E Report Tetovo

Веб-страната Е-репорт на Општина Тетово која беше направена со цел на граѓаните да им се олесни начинот и да се забрза пријавувањето на загадувачите на животната средина, по неколку години има функционален број. Порталб.мк во континуитет пишуваше за овој проблем, укажувајќи на ова ветување на Општината за поправка на истиот.

Оваа веб-страница сега има нов број, конкретно 070628880, на кој денеска се јави редакцијата на Порталб.мк и се увери дека истиот е функционален, односно слушалка ни кренаа од општинскиот инспекторат.

Претходниот број што беше поставен на оваа веб-страна, конкретно 080055043, за да се пријават загадувањата на животната средина беше нефукционален со години, за што Порталб.мк во континуитет бараше одговорност од надлежните.

На крајот на март 2023 година, од Општина Тетово рекоа дека поставениот број не функционира поради технички причини и истиот не може да се поправи, а за Порталб.мк ветија дека набрзо ќе има нов број.

Овој проблем постои од уште од претходното раководство на општината, а продолжи да трае до пред неколку недели и за време на актуелното раководство.