четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Општина Тетово | 189 резултати

Реката Пена кај населбата Дарданија пред колапс, Општина Тетово не го чисти коритото

23 септември 2024

Коритото на реката Пена во тетовската населба Дарданија е екстремно загадено со разни видови на отпад. Жителите од населбата стравуваат дека реката може да се излее од коритото и да предизвика поплави, посебно овие денови кога врнежите се пообилни. Алармира и граѓанското општество. а Општина Тетово, иако ја започна акцијата за чистење на коритото, овој […]

Ратко Давидовски од ВМРО-ДПМНЕ не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово

30 јуни 2024

Општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Давидовски не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово, туку ја водеше вонредната седница за елементарните непогоди. Тоа е затоа што Советот на општината во моментов нема претседател бидејќи досегашниот претседател стана министер, додека во отсуство на претседателот, според законот, седницата ја води најстариот советник, кој во случајов […]

Касами прво бара мислење од Владата за стадионот, а потоа го плука

23 мај 2024

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами прво најави дека ќе бара дополнителни консултации од Владата дали Oпштината некаде потфрлила околу правната процедура за градскиот стадион во Тетово. Oткако таквото мислење од Владата стигна, тој го отфрла во целост и најавува продолжување на градбата, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, во […]

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

19 март 2024

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк. Приходи и расходи на општините Поголема наплата од планираното по основ на данок на […]

(ВИДЕО) Денот на Општина Тетово се одбележа со отпадоци и со депонии

4 март 2024

Денес се одбележа денот на Општина Тетово, а повеќе од една недела градот се гуши во отпадоци и депонии расфрлани насекаде. Решение за овој проблем немаат ниту општинските власти, ниту словенечката компанија „Заубермахер“ која се занимава со управување со отпадот. На граѓаните им е веќе преку глава од ваквата состојба, пишува Порталб.мк. Во градот има […]

ДУИ: Општина Тетово со милионски тендери ги наградила фирмите на семејството Бајрами, блиски со Движењето Беса

1 март 2024

Општина Тетово со милионски тендери ги наградила фирмите на семејството Бајрами кои се блиски до раководството на оваа општина и на Движењето Беса. Ова беше реакцијата на Демократската унија за интеграција денес во врска со случајот за милионските тендери на општина Тетово доделени на три фирми: Еко-Пеу, Ереу-Транс и Мујо Бајрами, за кои објави Порталб.мк […]

Милионски тендери од општина Тетово за фирми на семејството Бајрами

29 февруари 2024

Од 2021 година до денес кај три тетовски фирми од мрежата  на семејството Бајрами завршиле милионски тендери од општина Тетово. Станува збор за две фирми основани непосредно пред локалните избори во 2021 година, „Еко-пеу“ и „Ереу-транс“ како и фирмата „Мујо-Бајрами“ основана во 2011 година. Според Електронскиот систем за јавни набавки овие фирми се добитнички на тендери […]

Управниот суд му ги врати надлежностите на СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ на градоначалникот Касами

17 јануари 2024

Управниот суд на Република Северна Македонија му ги врати општите надлежности за тетовското средно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ на градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, кои му беа одземени од Министерството за образование и наука (МОН) во јули 2023 година. Ова денеска го соопштија од Секторот за образование при општина Тетово, објавувајќи ја за јавноста одлуката […]

Тендерот пропадна, Битола ќе почека за пречистителна станица за отпадни води

16 ноември 2023

Пропадна тендерската постапка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Битола, кој беше распишан пред една година и требаше да отпочне да се изведува годинава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека компаниите кои учествувале на тендерот доставиле понуди кои биле над проектираниот буџет. Инаку, проектот за изведба […]

Тетово шест години чека пречистителна станица, тендерот мора да го објави Министерството за финансии, но не се знае кога

3 септември 2023

Иако во 2017 година беше потпишан договорот за реализација на ИПА проектот за изградба на пречистителната станица за третирање на отпадните води и проширување на канализационата мрежа во општина Тетово, реализацијата на проектот постојано се одложува, а се уште не е објавен ниту тендерот. Проектот е заглавен во Министерството за финансии, но оваа институција не […]

Срушена дивоградбата на паркингот во урбаниот блок 37 во Тетово [фото]

1 август 2023

Општинскиот инспекторат од Тетово денеска интервенираше за уривање на објектот изграден без дозвола во просторот на урбаниот блок 37, јавна површина која е наменета за паркинг. Процедурата за уривање на овој објект беше комплицирана и траеше околу девет месеци, при што до денеска помина низ неколку фази за на крај да биде финализирана со рушење […]

Општина Тетово не наплаќала даноци и такси, сметката ѝ е блокирана за долг од над шест милиони евра

12 јули 2023

Oд 2014 година досега, општинската сметка во Тетово е блокирана. Ова е една од најзадолжените општини во државата, која има доспеани неплатени милионски обврски по различни основи. Ревизорите нотираа дека на крајот на август 2022 година, сметката била блокирана за вкупен долг од над шест милиони евра. Освен за општинскиот буџет, новиот ревизорски извештај се […]

По пишувањата на Порталб, Е-репорт Тетово со функционален број

7 јули 2023

Веб-страната Е-репорт на Општина Тетово која беше направена со цел на граѓаните да им се олесни начинот и да се забрза пријавувањето на загадувачите на животната средина, по неколку години има функционален број. Порталб.мк во континуитет пишуваше за овој проблем, укажувајќи на ова ветување на Општината за поправка на истиот. Оваа веб-страница сега има нов […]

Општина Тетово: Големи потфрлувања кај буџетските приходи и расходи, нетранспарентни постапки, што открија ревизорите?

4 јули 2023

Долга листа забелешки испорачаа државните ревизори за Буџетот за 2021 година на Општина Тетово. Отсуство на транспарентност, неостварување на капитални расходи и даночни приходи се дел од забелешките, пишува Порталб.мк. Еве што нотираат ревизорите за финансиите на оваа општина, која е една од најзадолжените во државата. И приходите и расходите во “минус” со реализација Буџетот […]

ДЗР: Сметката на Општина Тетово е континуирано блокирана, се плаќа со компензации

23 јуни 2023

Од причина што општина Тетово е континуирано блокирана со судски извршни решенија за наплата на неизмирени обврски, дел од намирувањата на обврските и побарувањата општината ги врши со пребивање (компензација), промена на доверител или должник – отстапување на побарување со договор (цесија) и со упатување (асигнација) како начини на плаќање на истите. Ова е наведено […]

На Движењето „Беса“ „им избега“ кучето што го врзаа кај Општина Тетово пред четири години

9 мај 2023

Кучињата продолжуваат да скитаат по Тетово. Таму беа и кога со градот раководеше градоначалничката Теута Арифи во два мандати, но можат лесно да се најдат и денес кога на чело на градот веќе година и пол е Билал Касами, чија партија кога беше во опозиција, преку една акција симболично врза едно куче пред општината, барајќи […]

Обвинителството не соопштува детали за тужбите на Општина Тетово против Теута Арифи

24 април 2023

Со оглед на фазата во која е постапката, не можеме да споделиме повеќе детали. Вака се изјаснија за Порталб.мк од Јавното обвинителство во врска со двете тужби на Општина Тетово на чело со актуелниот градоначалник Билал Касами против поранешната градоначалничка на општината Теута Арифи за договорите на дело и за предметот за експропријацијата. „Предметите се […]

Советот на Општина Тетово донесе одлука за уривање на дивоградбата на паркингот во урбаниот блок 37

1 март 2023

Последниот останат нелегален објект во јавниот простор кај урбаниот блок 37, за кој Порталб известува веќе неколку месеци, ќе биде срушен поради тоа што на тоа место е предвидено да има паркинг. Вака вчера одлучи Советот на Општина Тетово со 29 гласа „за“ и 1 „воздржан“, пишува Порталб.мк. За овој случај, Беса Зендели од Секторот […]

Усвојувањето на ДУП-от за Попова Шапка лани не се реализираше како што вети Касами

16 февруари 2023

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами во јануари минатата година изјави дека се залагаат за конечно во 2022 година да има усвоен урбанистички план за скијачкиот центар Попова Шапка. 2022 година помина, но ова ветување останува неисполнето во дадениот рок. Од општина Тетово за Порталб.мк велат дека процедурата е во тек, но не прецизираат конкретен рок. […]

Тетово: Негрижата на институциите ќе ги поттикне активистите да се активираат за чист воздух

9 јануари 2023

Новата 2023 година за Тетово започна со еден стар проблем – нивото на загадување на воздухот го надмина прагот на алармирање уште во првите денови. Евидентираниот просек на ПМ-10 честички од 1 до 7 јануари изнесува 133,45 μg/m3 што е над дозволената количина. Просечната среднодневна вредност на ПМ-10 честичките не треба да надмине 50 микрограми […]

Страна 1 од 10