fbpx

Усвојувањето на ДУП-от за Попова Шапка лани не се реализираше како што вети Касами

-

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами во јануари минатата година изјави дека се залагаат за конечно во 2022 година да има усвоен урбанистички план за скијачкиот центар Попова Шапка. 2022 година помина, но ова ветување останува неисполнето во дадениот рок. Од општина Тетово за Порталб.мк велат дека процедурата е во тек, но не прецизираат конкретен рок.

Во дебатата организирана за Попова Шапка на 28 јануари 2022 година, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, изјави:

„Нашата определба и она што го имаме како одговорност во однос на составувањето на Деталниот урбанистички план е дека во 2022 година конечно ќе имаме усвоен урбанистички план за Попова Шапка, од кој придобивки ќе имаат сите бидејќи ќе се сопрат сите диви градби и еднаш засекогаш тоа што ќе се изгради ќе се базира на еден Детален урбанистички план“.

Исто така, во ноември 2022 година на прашањето од Порталб.мк околу истата тема, Касами изјави:

„Што се однесува до Попова Шапка, ние сме при крај на процедурата за усвојување на планот за Попова Шапка, а јавноста е информирања дека веќе имаме подготвено и проект за нов пат, кој ќе биде целосно нов, околу три километри, со што проценуваме дека делумно ќе се реши проблемот на Попова Шапка. Исто така, изминатите денови имав средба и со експерт по урбанизам од Турција кој е ангажиран во општина Тетово и со кој составуваме план за нова туристичка зона која ќе поврзе дел од градот, жичарата од градот до Попова Шапка и еден туристички дел на Попова Шапка“.

Но, денес сме февруари 2023 година, а од ова сè уште не е реализирано ништо.

Се обративме до Општина Тетово со прашање до каде е процедурата, и оттаму го добивме следниот одговор:

„Новиот урбанистички план надвор од населените места за викенд населбите во СРЦ Попова Шапка, КО Лисец и КО Гајре, општина Тетово со план за парцелизација во блок 1, блок 3, блок 5 и блок 12, е во фаза на јавна презентација која се одржа на 24.01.2023 година и јавна анкета која се одржа од 23.01.2023 до 27.01.2023 година, со што процедурата е во тек и ќе продолжи со понатамошни законски чекори до нејзино усвојување.“

Поаѓајќи од изјавата на Касами дека тие се залагаат за конечно во 2022 година да има усвоен урбанистички план за Попова Шапка, можеме да заклучиме дека ова ветување не е реализирано во дадениот рок.

Инаку, од Општина Тетово информираа дека со програмата за 2023 година е предвидена изградбата на еден нов пат до Попова Шапка, проект чија реализација се очекува да започне оваа година.

 

Извори:

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...