fbpx

Велешанец осомничен дека шест години ја наведувал на проституција неговата сопруга

-

Притворен е 45-годишен велешанец кој се сомничи дека својата сопруга шест години ја тепал, дрогирал и ја наведувал на проституција, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Против него е поведена постапка по основано сомнение дека сторил кривично дело – Посредување во вршење проституција според член 191 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, осомничениот во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата сопруга, така што со примена на сила, тепајќи ја и давајќи ѝ наркотични дроги, ја наведувал на проституција. Тој се договарал со различни лица и ја носел жената во Кавадарци, каде што ја принудувал да има сексуални односи со неколку лица во ист ден, за што наплаќал парични средства“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

Од таму додаваат дека бидеќи во конкретниот случај постојат околности кои упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на високата запретена казна за ова кривично дело во траење од најмалку 10 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.​

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...