fbpx
Таг: Општина Тетово

таг: Општина Тетово

Порталб: Владата не одговара зошто не помогна за штетите од поплавите во Тетово

Поплавите во последните неколку дена во Тетово и околните села им предизвикаа значителни штети на жителите. Но, иако имаше барање од Кризниот штаб на општина Тетово да им се помогне на жителите околу претрпените штети, Владата на Македонија не го прифати истото. На прашањето од Порталб.мк зошто не им се помогна на жителите при ваквата непогода, тие не даваат...

МИОА го одби ЈКП „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени, велат ја надминува законски предвидената бројка

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не го прифати барањето на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени. Според министерството, ЈКП предвидува поголем број систематизирани вработувања од законски дозволениот минимум, па затоа не дале согласност, пишува Порталб.мк. Еден од долгорочните проблеми што и понатаму останува нерешен за жителите на Општина Тетово е наталожениот отпад низ...

Засега не се знае колку (не) е намален долгот на Општина Тетово, под раководство на Касами

Поминаа девет месеци од објавувањето на долгот на Општина Тетово од 24 милиони евра на поранешното раководство на чело со Теута Арифи. Во меѓувреме, актуелното раководство на чело со Билал Касами не дава информации за моменталната состојба со долгот на општината, дали е намален или зголемен. Касами рече дека доколку, во текот на месец јули, не добијат одлука од...

Општина Тетово договорите за вработување склучени преку приватна агенција ги држи во „тајност“

И покрај тоа што се платени со парите на граѓаните, договорите за работа кои општина Тетово ги спроведува преку приватната агенција за вработување „Џоб 2011“ остануваат тајна за јавноста. Овој договор ги чинеше тетовските даночни обврзници околу 297 илјади евра, а од општината не ги откриваат имиња на лицата вработени преку овој договор. Топката ја префрлуваат на приватната агенција,...

Порталб: Иницијатива за промена на имињата на улиците во Тетово и постапката низ која ќе се одвива процесот

Започнаа првите активности на јавната расправа за промена на имињата на улици, училишта и јавни установи во Тетово, иницијатива која се спроведува во соработка меѓу Академското здружение на Албанците за уметност и наука и Општина Тетово. И покрај тоа што во минатото имало обиди да за вакви измени, тие или биле неуспешни или не се одело до крај. Касами...

Порталб: Општина Тетово ветува решение за одржување на канализацијата за да нема поголеми штети при врнежи

Несоодветни инвестиции во атмосферската и фекалната канализација според Билал Касами, градоначалникот на Тетово, биле меѓу главните причини за штетите предизвикани на граѓаните од неодамнешните поплави во Тетово. Затоа, тој вети дека во иднина континуирано ќе работат на чистење на канализацијата за да не се нанесуваат штети на граѓаните. Од Општината вчера, за Порталб.мк, најавија дека е комплетирана јавната набавка...

Порталб: Владата го распушти Советот на општина Тетово, наскоро нови локални избори

Во општина Тетово наскоро ќе мора да се одржат нови локални избори, на кои ќе се избираат нови членови на Советот на општина Тетово, откако Владата денеска донесе одлука да го распушти Советот во неговиот сегашен состав, јави Порталб.мк, повикувајќи се на информација од Владата. Денешната одлука на Владата уследи по прекршувањето на ставот 2 од членот 75 на Законот...

Порталб: Двата парка кај автобуската станица во Тетово без редовно одржување (фото)

Општинските власти не ги одржуваат редовно Жена паркот и Скејтпаркот во Тетово. Тревата во двата парка не е искосена веќе извесно време, но има и отпадоци. Од јавното комунално претпријатие „Тетово“ велат дека ќе интервенираат во наредните денови, пишува Порталб.мк. Иако ова се единствените зелени површини во Тетово, од фотографиите што ги направија новинарите на Порталб се гледа дека не...

Порталб: Тетовските улици полни со дупки, општината во очекување на компанијата што ќе го изврши санирањето

Дел од главните и споредните улици во Тетово се во очајна состојба и полни со дупки. Ваквата состојба претставува проблем за слободното движење на граѓаните и уште повеќе го влошува хаосот во сообраќајот. Од општината велат дека од моментот кога ќе има договор со компанија за санирање на улиците, работите ќе почнат да се изведуваат итно, пишува Порталб.мк.  Во фото...

Тетово сѐ уште нема решение за сообраќајниот хаос, од општината презеле превентивни активности (ВИДЕО)

Иако во последно време општинските власти на Тетово презедоа одредени активности за ублажување на хаосот во сообраќајот, сепак на улиците владее неред, што го отежнува движењето на граѓаните. Се очекува ситуацијата да стане покритична во текот на летната сезона кога пристигнуваат иселениците, при што бројот на возила во сообраќајот ќе се зголеми значително, пишува Порталб.мк. Тетово и не е толку...

Сè уште ништо конкретно за иницијативата „Тетово сака парк“

Иако иницијативата „Тетово сака парк“ започна во февруари со поднесување предлог до општина Тетово за формирање на првиот реален парк од околу 16 хектари во градот Тетово, надлежните сè уште не презеле ништо конкретно во тој поглед. Иницијаторите на оваа иницијатива велат дека главната институција, општина Тетово покажала мала одговорност за предлогот со тоа што не вратила официјален одговор....

Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ под обвинение за финансиски малверзации, таа негира

Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, Теута Лала, под обвинение за финансиски малверзации. Решението на Општината за разрешување, како што велат од оваа институција, се заснова на извештајот на Општинската внатрешна ревизија и е потврдено од Советот на училиштето. Лала во изјава за медиумите ги негира обвинувањата, пренесува Порталб.мк. Од Општина Тетово денеска никој не се согласи...

Порталб: Нефункционално јавно осветлување во дел од Тетово, општината чека избор на изведувач

Поради дефекти на јавното осветлување, некои населби, улици и сокаци во општина Тетово остануваат во темница, иако граѓаните плаќаат и за тоа. Тие се жалат дека овој проблем постои долго време и дека немањето осветлување предизвикува страв и несигурност додека се движат во такви места. Од општината ветуваат решение за проблемот, пишува Порталб.мк. Меѓу локалните тарифи утврдени со закон, е...

Порталб: Ветувањето на Касами за нови паркинзи во Тетово останува неисполнето

Пред да дојде на чело на Општина Тетово, Биљал Касами вети дека за помалку од шест месеци ќе се изградат околу седум катни гаражи од челична конструкција. Но, тоа досега не се случи. На 4 мај навршија шест месеци откако Касами ја презеде функцијата, а Општина Тетово неодамна, поточно на 15 април објави јавен оглас за изградба на затворени...

Порталб: Советот на општина Тетово пред распуштање, нејасно е дали ќе има нови избори

Советот на општина Тетово ризикува да се распушти и како резултат на тоа да се организираат нови избори за општинскиот совет. Причина за ова е фактот што советот не ја усвоил завршната сметка на општинскиот буџет за минатата година (2021) до 31 март годинава како што е предвидено со закон. Иако расправата за завршната сметка беше доцна внесена на...

По известувањето на Порталб, просторот кај Скејтпаркот во Тетово е исчистен а тревата искосена [фото]

Четири дена по веста на Порталб.мк, просторот на Скејтпаркот кај Автобуската станица во Тетово е исчистен, а е искосена и нараснатата трева, која претставуваше ризик овој простор повторно да се претвори во локација што не личи на парк, пишува Порталб.мк. Вработени во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ денеска ја искосија тревата во паркот, што не беше направено веќе неколку месеци. Вака изгледа...

Уште не се знае врз основа на кој елаборат се исекоа дрвјата на „Страшо Пинџур“ во Тетово

Уште не се знае врз основа на кој елаборат, документација или постапка е дадена наредба за сечење на дрвјата на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово. Од општината, за Порталб.мк, рекоа дека на следната седница на Советот на општината ќе има детални информации за овој случај. Сечењето дрвја долж улицата „Страшо Пинџур“ не беше прифатено добро од граѓаните, дел од општинските...

Порталб: Еден ден откако започнаа, работите на улица „Страшо Пинџур“ прекинати

Во вторникот почнаа, а вчера работите за реконструкција на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово беа стопирани. Од Општина Тетово се правдаат дека ова е побарано од листата „Подобро за Тетово“. Но, од таму негираат такво нешто и ја повикуваат општината да изнесе докази дека тие побарале прекин на реконструкцијата и велат дека нивните реакции се однесуваат на сечата на дрва,...

Порталб: Планот за паркинзи во Тетово не се реализираше во првиот квартал од годинава како што беше ветено

Иако беше планирано, во периодот јануари-март 2022 година да се додадат 230 нови затворени паркинг места, Општина Тетово не успеа да реализира ниту едно. Во овој период беше планирано да се додадат 195 зонски паркинг места, сепак досега се додадени само 72 нови зонски паркинг места. Проширувањето на зонското паркирање во оваа точка не подразбира создавање дополнителни или нови...

Два дена по веста на Порталб, Општина Тетово ги објави договорите на дело

Само два дена по веста на Порталб.мк за необјавување на договорите на дело од страна на општина Тетово за првите три месеци од 2022 година, што според ветувањата на Oпштината требаше да се направи на крајот на март, општината денеска го објави документот; се работи за 78 договори во тек, од кои 30 се продолжени договори од претходната администрацијата,...

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...