fbpx

МИОА го одби ЈКП „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени, велат ја надминува законски предвидената бројка

-

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не го прифати барањето на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени. Според министерството, ЈКП предвидува поголем број систематизирани вработувања од законски дозволениот минимум, па затоа не дале согласност, пишува Порталб.мк.

Еден од долгорочните проблеми што и понатаму останува нерешен за жителите на Општина Тетово е наталожениот отпад низ улиците, како и многу реткото чистење на истите.

Иако во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ има околу 200 вработени, од нив само околу 50 се ангажирани за чистење и одржување на градот, додека останатите се во другите сектори, како канализација, одржување на зеленило, чувари на филтер станица, чувари на акумулација итн.

Пред извесно време градоначалникот на Тетово, Билал Касами рече дека со систематизацијата на работните места ќе се зголеми бројот на лица кои ќе бидат ангажирани за чистење.

Од ЈКП „Тетово“ за Порталб.мк појаснуваат дека со промената на регулативата за систематизација на работните места, направени се измени при што се планира зголемување на бројот на извршители во категоријата давател на услуги (работно место: општински хигиеничар во Секторот комунална дејност).

„Согласно упатствата на МИОА, измените на правилникот за систематизација на работните места се испратени за добивање согласност од МИОА, со цел по добивање на позитивна согласност компанијата да продолжи со останатите процедури предвидени со Законот за јавниот сектор. Согласно Законот за вработени во јавниот сектор, преку измени се планира зголемување на бројот на извршители за 10%, од вкупниот број на вработени“, рекоа од ЈКП „Тетово“.

Но, од друга страна, МИОА за Порталб.мк информира дека ЈКП „Тетово“ три пати има поднесено барања за систематизација на работните места, за зголемување на бројот на работни места (в.д) во претпријатието, надминувајќи го законски дозволениот број на вработени.

Затоа, од ова министерство неколку пати доставиле препораки истото да се почитува, но според нив истите не се почитувани и затоа не дале согласност.

„ЈКП „Тетово“ по трет пат го поднесе Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места, во која повторно предвидува поголем број на систематизирани работни места од законски дозволениот минимум, при што МИОА-по трет пат, со исти забелешки и одредени номотехнички предлози, го известува ЈКП „Тетово“ за надминување на систематизираните работни места и дека поради ова министерството нема можност да даде согласност за поднесената измена“, соопштија од МИОА.

Заклучно со 20.07.2022 година, ЈКП „Тетово“ информира дека во ова претпријатие се вработени 247 лица: 34 административни службеници, 207 даватели на услуги (без да има спецификација колку и во кои сектори) и 6 лица како технички персонал.

ЈКП, според она што го соопшти Општина Тетово, има долг од над 9,6 милиони евра и тоа претставува проблем за работењето на претпријатието. Затоа Касами најави поделба на претпријатието на две дирекции за водовод и за управување со отпад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...