fbpx

Жителите на блок 37 во Тетово: Ја поддржуваме изградбата на паркинг, oпштината вели проектот е според планот

-

Жителите на блокот 37 во Тетово, инаку познат како простор кај „Старата противпожарна станица“, велат дека ги поддржуваат одлуките на општина Тетово за јавниот простор во тој дел да се ослободи и да се претвори во затворен паркинг. Велат дека тоа го барале долго време, пишува Порталб.мк.

Иако просторот беше расчистен, сепак некои невладини организации реагираа негативно, а жителите на населбата велат дека тоа било неопходно бидејќи просторот бил узурпиран нелегално и дека било неопходно да се исчисти.

„Жителите се задоволни од уредувањето на просторот позади „Тајо“, узурпаторите на јавните површини мора да бидат казнети. Може да садите дрва во вашата градина, а не на паркинзите на зградите. Бевме заложници на некои узурпатори. Силно ја поддржуваме одлуката на општината и затоа истата треба да продолжи. Невладините и медиумите треба да бидат добро информирани пред да известуваат и погрешно да ги интерпретираат состојбите“, вели еден жител на оваа населба.

„Ние сме ЗА создавање на паркинг на овој простор бидејќи истото долго време го баравме и дури сега се спроведува, мислам дека работата на дрвјата не беше добро објаснета од надлежните. Но, тие мораа да се исечат за да просторот се уреди како што баравме. Општината требаше да информира што навистина се случува со тие дрвја, со оглед на ситуацијата што се создаде пред неколку месеци за сличен случај“, вели друг жител.

„Не треба да бараме влакна во јајца, почнаа да работат и добро постапија, паркингот нѝ е многу потребен и се надевам дека нема да остане на половина“, рече еден граѓанин.

Од општина Тетово соопштуваат дека работите се изведуваат врз основа на барање на граѓаните во април 2017 и февруари 2022 година потпишано од 100 жители кои живеат во овој крај, за санирање на целата улица, поплочување со бекатонки, поставување на јавно осветление и уредување на паркингот според ДУП-от за блок 37 на град Тетово.

„Согласно планот на Секторот за комунални дејности, животна средина и заштита на природата за реализација на јавни паркиралишта за 2022 година, предвидено е на тоа место да се изградат 100 паркинг места. Според ДУП, за блок 37 е изработен сообраќаeн проект за затворени паркинзи. Секторот за комунални дејности и заштита на животната средина и природата на 05.04.2022 година ги информираше граѓаните дека согласно нашата годишна програма за реализација на паркингот во град Тетово, урбаниот блок 37, е планиран за реализација во периодот април – јули, каде ќе бидат поставени нови бекатонски плочи, хоризонтални ознаки и јавно осветлување“, велат од општината.

Оттаму истакнаа дека на 26.07.2022 година е дадена наредба за изведување градежни работи на ул. Д.Г. Кара – урбан блок 37.

„Целата работа е координирана со граѓаните кои живеат во таа улица и се одвива без никакви проблеми“, велат од општината, приложувајќи фотографии како било пред почетокот на градежните работи и како е планиран проектот.

Општина Тетово на 22 јули потпиша договор со „Чаби Транс“ за изградба на затворени паркинзи на територијата на општина Тетово. Цената на овој договор е 3 милиони денари со вклучен ДДВ.

Потсетуваме дека пред две недели граѓаните кои живеат на овој локација за Порталб.мк ги наведоа проблемите со инфраструктурата и паркинзите.

Општина Тетово за Порталб.мк во јули најави дека токму на оваа улица е предвиден зонски паркинг, при што тогаш рекоа дека се чека инспекторатот да ги отстрани пречките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...