fbpx

Порталб: Општинарите во Тетово не кажуваат колкав е тековниот општински долг

-

Поминаа речиси десет месеци откако граѓаните на oпштина Тетово дознаа дека јавниот долг на нивната општина изнесува над 24 милиони евра, меѓутоа до ден денеска општинските власти не кажуваат дали овој долг е зголемен или намален и покрај тоа што постојано се повикуваат на транспарентност, пишува Порталб.мк.

Сегашното раководство веќе десет месеци раководи со општина Тетово, но
досега ја нема информирано јавноста за финансиската состојба и долгот на
истата, во периодот откако го презема раководењето, наведува Порталб.мк

На прашањето за тековниот долг, од општината, иако рекоа дека ќе одговорат на новинарските прашања, одговор нема. Првиот човек на општината, Билал Касами, на крајот на јуни изјави дека, доколку во текот на јули не добијат решение од Апелациониот суд за предметот за експропријација, информацијата ќе ја споделат со јавноста, но иако поминаа два месеци сé уште нема ништо.

Градоначалникот и претседавачот на општинскиот совет досега неколку пати изјавија дека долгот е намален, сепак без конкретни бројки. Некои прашања, како што е сегашниот износ на долгот; кој го направил долгот, кога и зошто; каков е планот за намалување на долгот за кој од општината рече дека го создале, и понатаму остануваат нејасни за јавноста.

Токму од овие причини Порталб.мк ги побара горенаведените информации за општината преку Законот за пристап до информации од јавен карактер.

Вкупниот долг на Општина Тетово кога беше објавен, на крајот на ноември 2021 година, изнесуваше над 24 милиони евра, од кои Општината има над 14 милиони евра, ЈКП „Тетово“ над 9,6 милиони евра, ЈП „Градски паркинг“ над 87 илјади евра и училиштата над 77 илјади евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...