fbpx

Засега не се знае колку (не) е намален долгот на Општина Тетово, под раководство на Касами

-

Поминаа девет месеци од објавувањето на долгот на Општина Тетово од 24 милиони евра на поранешното раководство на чело со Теута Арифи. Во меѓувреме, актуелното раководство на чело со Билал Касами не дава информации за моменталната состојба со долгот на општината, дали е намален или зголемен. Касами рече дека доколку, во текот на месец јули, не добијат одлука од Апелациониот суд за еден предмет за експропријација ќе ја споделат оваа информација со јавноста, но тоа се уште не се случило, пишува Порталб.мк.

Откако Касами дојде на чело на општината, во текот на овие девет месеци, јавноста не е информирана за финансиската состојба на општината.

Потсетуваме дека на крајот на јуни Касами рече дека чекаат одлука за еден предмет за експропријација, од Апелациониот суд во Гостивар, во износ што го оптоварил буџетот на општината за 1,5 милиони евра, за потоа да излезат со информации. Исто така најави дека и да не ја добијат одлуката во текот на јули, до почетокот на август ќе излезат со извештај.

Извештајот сѐ уште не е претставен во јавноста, иако рокот што го наведе градоначалникот е поминат

Порталб.мк го праша Касами дали го добиле решението од судот, тој рече дека не го добиле, притоа повтори дека извештајот за долгот ќе биде објавен откако ќе се донесе одлуката.

„Не, чекаме, во моментот кога ќе ја добиеме ќе излеземе со изјава и извештај за јавниот долг“, рече Касами за Порталб.мк.

Но, еве што изјави тој во јуни:

„Доколку немаме одговор во текот на јули, сепак ќе излеземе со извештај за долгот“, рече Касами на 27 јуни.

А пред три дена, поранешниот претседател на Советот на општината Бесар Дурмиши во ТВ21 изјави дека долгот не е зголемен туку е намален.

„Успеавме да најдеме решенија со фирмите на кои им должиме пари, да ги избришеме каматите, бидејќи долговите беа во рацете на извршители. Успеавме да најдеме динамика за плаќање долгови, под услов компаниите да ги избришат каматите. Со ова автоматски го намаливме долгот за 3 или 4 милиони“, рече Дурмиши.

Кога сме кај долгот, некои прашања и понатаму остануваат нејасни за јавноста, како на пример колкав е сегашниот износ на долгот; кој го направил долгот, кога и зошто; каков е планот за намалување на долгот за кој од општината рекоа дека го создале; како и други работи од јавен интерес.

За ова, Касами има поднесено тужба во Обвинителството против поранешната претседателка Теута Арифи за нанесување штета на општинскиот буџет, за спор за експропријација на еден имот.

Потсетуваме дека во мај Касами на прашање од Порталб.мк одговори дека долгот е намален, но за точниот износ чекаат конечна одлука по тужбата, чекаат обвинителството да ја прекине исплатата на оваа камата и дека имаат договори со компаниите тие да ѝ ги опростат каматите на општината, а во моментот кога ќе се разјасни состојбата со овој случај ќе излезат со официјално соопштение за конкретниот износ.

Вкупниот долг на Општина Тетово, кога беше објавен на крајот на ноември 2021 година, изнесуваше над 24 милиони евра, од кои Општината должи над 14 милиони евра, ЈКП „Тетово“ над 9,6 милиони евра, ЈП „Градски паркинг“ над 87 илјади евра и училиштата над 77 илјади евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...