fbpx

Општина Тетово договорите за вработување склучени преку приватна агенција ги држи во „тајност“

-

И покрај тоа што се платени со парите на граѓаните, договорите за работа кои општина Тетово ги спроведува преку приватната агенција за вработување „Џоб 2011“ остануваат тајна за јавноста. Овој договор ги чинеше тетовските даночни обврзници околу 297 илјади евра, а од општината не ги откриваат имиња на лицата вработени преку овој договор. Топката ја префрлуваат на приватната агенција, додека од таму не одговараат на новинарските прашања, пишува Порталб.мк.

Од општина Тетово, иако Порталб.мк многупати прати прашања за ова прашање, постојано бегаат од конкретен одговор. Бараните информации, за тоа кој е вработен во Општината преку приватната агенција за вработување, не ги даваат ниту преку барањето за пристап до информации од јавен карактер.

Во врска со ова прашање треба директно да се обратите во приватната агенција. Врз основа на законските норми од Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за приватни агенции за посредување при вработување, овие работници се сметаат за вработени во приватни агенции, додека својата работа ја вршат во општина Тетово. Сите договори се вработувања со кои се пополнуваат слободните работни места во општина Тетово и истите се во согласност со систематизацијата на работните места“, велат од Општина Тетово.

Истата информација ја побаравме и од агенцијата „Џоб 2011“, но тие не одговорија на новинарските прашања.

Потенцираме дека меѓу многуте општини кои склучиле договори со приватни агенции за привремени вработувања, таа на Тетово е со највисок износ од 18.290.000 денари (околу 297.000 евра). Надоместокот за услуги од стана на агенцијата достигнува 6,58% од бруто платата, плус 18% ДДВ.

Доколку, како што инаку велат, транспарентноста, отчетноста, одговорноста пред јавноста и пред граѓаните на Тетово, остануваат главен императив на работата на општината, тогаш општината треба да им објасни на граѓаните кој зема плата од нивните даноци.

Инаку, Касами пред да дојде на чело на општината вети редовна отчетност и транспарентна општина, што е дел од изборната програма за Тетово 2021-2025 година. Меѓу другото, во програмата се нагласува: Постојана отчетност за трошењето на јавните средства, постапките на администрацијата да бидат проверливи онлајн за граѓаните и други.

Потсетуваме дека општината досега двапати ги има објавено имињата на лицата кои биле вработени преку договори на дело, во во првото тромесечје од годинава имало 78 а во второто тромесечје биле 14.

Подолу можете да го погледнете целосниот договор помеѓу Општина Тетово и Агенцијата „Џоб 2011“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...