fbpx

Порталб: Општина Тетово ветува решение за одржување на канализацијата за да нема поголеми штети при врнежи

-

Несоодветни инвестиции во атмосферската и фекалната канализација според Билал Касами, градоначалникот на Тетово, биле меѓу главните причини за штетите предизвикани на граѓаните од неодамнешните поплави во Тетово. Затоа, тој вети дека во иднина континуирано ќе работат на чистење на канализацијата за да не се нанесуваат штети на граѓаните. Од Општината вчера, за Порталб.мк, најавија дека е комплетирана јавната набавка за одржување и чистење на канализациите и бунарите, пишува Порталб.мк.

За да не се повторат случаите на излевање на канализацијата, Касами информира дека наредил да се спроведе постапка на јавна набавка во рамки на општината за да се обезбедат дополнителни средства со капацитетите на приватните компании за отворање и одржување на атмосферската и канализационата мрежа.

„Според информациите со кои располагаме, постојат фирми кои имаат механизација, возила, камиони кои се користат за чистење и отворање канали, и заедно со капацитетите на општината што ги имаме, приватните фирми ќе ги ангажираме за во наредниот период да бидеме што поподготвени за не дај боже да имаме врнежи“, изјави Касами на 3 јуни.

Вчера на прашањето на Порталб.мк што точно се планира да се направи во врска со ова и како ќе се реализира одржувањето на фекалната и атмосферската канализациска мрежа, од Канцеларијата за информирање во општина Тетово одговорија вака:

„Општина Тетово во однос на потребата од одржување на атмосферската и канализационата мрежа интервенираше во акцискиот план, со што ја заврши јавната набавка за одржување и чистење на канализации и бунари. Истата се очекува да биде објавена деновиве. Во меѓувреме, континуирано продолжи чистењето на канализацијата со сите средства со кои располага ЈКП Тетово“.

Миењето и дезинфекцијата на патиштата во Тетово ги вршат екипи на ЈКП, заедно со противпожарната единица по одлука на Општинскиот кризен штаб.

Според последните информации на општина Тетово, има повеќе од 130 случаи на оштетени граѓани од пожари и поплави во Тетово, меѓу кои 97 приватни куќи, додека останатиот дел е инфраструктура – ​​јавни објекти и земјоделско земјиште. Имаше извештаи и за прекин на електричната енергија во некои делови од градот.

Инаку, вчера Кризниот штаб на општина Тетово по средбата информираше дека сите барања упатени до општината се обработени и идентификувани на терен, а испратени се и официјални дописи до надлежните државни органи за проценка и надоместок на штетите предизвикани од неодамнешните поплави. Од општината соопштија и дека ЈКП заедно со Територијалната противпожарна единица ги исчистиле сите критични точки од канализацијата, како и изготвиле план за решавање на канализационите проблеми на четири критични точки (на улица 171, кај касарната и два пункта на влезот во градот).

Од општината соопштија и дека Владата и Бирото за судски вештачења немаат преземено конкретни чекори за овој случај. Поради тоа, повторно ќе бараат од Владата да постапи итно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...