fbpx

Советот на Општина Тетово донесе одлука за уривање на дивоградбата на паркингот во урбаниот блок 37

-

Последниот останат нелегален објект во јавниот простор кај урбаниот блок 37, за кој Порталб известува веќе неколку месеци, ќе биде срушен поради тоа што на тоа место е предвидено да има паркинг. Вака вчера одлучи Советот на Општина Тетово со 29 гласа „за“ и 1 „воздржан“, пишува Порталб.мк.

За овој случај, Беса Зендели од Секторот за урбанизам при Општина Тетово, објасни дека врз основа на урбанистичката документација таму е предвидена изградба на објекти од јавен интерес, поточно паркинг.

„Барањето за легализација на објектот има спротивна намена и Советот мора да одлучи дали тоа да се усогласи или да не се усогласи“, рече Зендели.

Советникот од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Лиридон Диша праша дали има судска постапка за овој случај.

Претседателот на Советот на општината, Бесар Дурмиши, негираше такво нешто и објасни дека Општина Тетово на тој простор побарала од сопствениците кои имаат тераси да ги тргнат истите, бидејќи тоа место треба да се пренамени во паркинг.

„Единствен случај каде што не се отстранети е ова место, и сега ние како совет треба да донесеме одлука да се одбие доставеното барање за легализација за да се направи паркингот на Општината“, рече Дурмиши.

Така, со 29 гласа „за“ и 1 „воздржан“советниците гласаа за уривање на овој објект.

Претседателот на Советот, Дурмиши, за Порталб објасни дека сопственикот на објектот поднел жалба до Министерството за транспорт, но дека добил негативен одговор.

„Тој има доставено барање за легализација, ние донесовме одлука да не го легализираме и да го направиме паркинг. Со одлука на советот, инспекторатот автоматски ќе оди до странката и ќе ја извести дека врз основа на одлуката донесена од Советот на Општина Тетово, мора да го дислоцира објектот. Ако не го направи тоа, тогаш инспекторатот презема мерки и го руши објектот“, рече Дурмиши.

Ова е објектот што ќе се урива.

фото: Порталб.мк

Расправата на Советот за оваа тема можете да ја проследите во видеото подолу со почеток во 3:03:57 часот.

Порталб.мк веќе неколку месеци го следи овој случај, откако во септември 2022 година на овој простор во урбаниот блок 37, инаку познат како „Стара противпожарна станица“, Општина Тетово почна да гради паркинг и да ги отстранува нелегалните објекти. Но, тука е оставен уште еден објект кој сè уште не е отстранет и кој се наоѓа токму на агол на блокот.

Жителите на оваа населба се  пожалија до Порталб.мк велејќи дека ослободувањето на јавните површини е направено селективно и дека овој објект останува неотстранет, а другите веќе се урнати.

Meѓутоа, Градоначалникот на Општина Тетово, во неколку наврати за Порталб изјави дека тој објект ќе се урива, но дека треба да се завршат неколку процедури и рокови и истиот да се гласа во Советот на општината, што беше направено вчера.

Според планот на Општината, во овој простор во првата фаза се планираше создавање на 56 паркинг места, а во втората фаза 26 паркинг места. Покрај паркинг местата, на овој простор површината е поплочена со бегатон плочки.

Ова е планот на општината за создавање паркинг места на овој простор:

Потсетуваме дека пренамената на овој простор во паркинг беше дамнешно барање на жителите кои живеат во околните згради.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...