fbpx

Обвинителството не соопштува детали за тужбите на Општина Тетово против Теута Арифи

Станува збор за случај на експропријација која започнала во 1988 година, при што општината на сопственикот му исплатила 50 илјади евра, но тогаш сопственикот ја тужел општината за цената, и овој случај се одолговлекува до 2015 година

-

Со оглед на фазата во која е постапката, не можеме да споделиме повеќе детали. Вака се изјаснија за Порталб.мк од Јавното обвинителство во врска со двете тужби на Општина Тетово на чело со актуелниот градоначалник Билал Касами против поранешната градоначалничка на општината Теута Арифи за договорите на дело и за предметот за експропријацијата.

„Предметите се доставени на понатамошна постапка до Основното јавно обвинителство Тетово и се доделени на јавен обвинител, кој постапува и презема мерки за проверка на обвиненијата. Со оглед на фазата во која се постапките, не можеме да споделиме повеќе детали“, велат од Обвинителството за Порталб.мк.

Од Општина Тетово пред неколку дена соопштија дека од јануари годинава ангажирале двајца надворешни адвокати за правните постапки што општината ги покрена против претходното раководство.

Но, на конкретните прашања за овие два случаи, од Oпштина Тетово не дадоа одговор.

Инаку, станува збор за случај на експропријација која започнала во 1988 година, при што општината на сопственикот му исплатила 50 илјади евра, но тогаш сопственикот ја тужел општината за цената, и овој случај се одолговлекува до 2015 година, а од општината се добиени над 1 милион евра камата. Апелациониот суд на почетокот на годинава пресуди во корист на странката. Но, општината не се откажа од тужбата.

Другиот случај е за договорите на дело склучени за време кога на чело на Општина Тетово беше Теута Арифи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...