fbpx

Општина Тетово не наплаќала даноци и такси, сметката ѝ е блокирана за долг од над шест милиони евра

Пред седум години, одговорните во општина Тетово склучиле договори со четири фирми за стопанисување со јавните паркинзи, за период од 10 години. Од сите фирми, само една редовно ја плаќала комуналната такса за користење на просторот

-

Oд 2014 година досега, општинската сметка во Тетово е блокирана. Ова е една од најзадолжените општини во државата, која има доспеани неплатени милионски обврски по различни основи. Ревизорите нотираа дека на крајот на август 2022 година, сметката била блокирана за вкупен долг од над шест милиони евра. Освен за општинскиот буџет, новиот ревизорски извештај се осврнува на наплата на даноци, такси, менаџирање со јавните паркинзи, пишува Порталб.мк.

Неплатената комунална такса за паркинзи изнесува 8,1 милиони евра 

Пред седум години, одговорните во општина Тетово склучиле договори со четири фирми за стопанисување со јавните паркинзи, за период од 10 години. Од сите фирми, само една редовно ја плаќала комуналната такса за користење на просторот, а друга пак, не била ниту обврзана да плаќа, иако имала на располагање јавен простор за паркирање.

„Другите три фирми воопшто не уплаќале такса на уплатната сметка на општината, а еден од нив, од склучување на договорот во 2016 година, воопшто не била задолжена да врши уплата на комунална такса. Има и фирма која не била задолжена за уплата на оваа такса, сè до 2019 година, иако договорот бил склучен во 2016 година“, навеле ревизорите и посочиле дека и покрај ваквата состојба, општината не ги раскинала договорите, ниту пак ги одземала дозволите на фирмите кои менаџирале со јавните паркинзи.

Ревизорите откриваат дека и тие суми што се уплаќале на име „комунална такса за паркинзи“, на општинската сметка легнувале еднаш годишно, наместо на дневно ниво. Вкупниот износ на ненаплатена комунална такса за паркирање изнесува 8.100.000 евра, додека во 2021 година, вкупниот приход на општината по основ на наплата на комунална такса за паркинзи изнесувал 6,3 милиони евра.

Општинското јавно претпријатие „Градски паркинг – Тетово“, кое е надлежно за одржување и користење на јавниот простор за паркирање, имало и обврска наплатената комунална такса да ја уплатува на општинска сметка, но и покрај оваа обврска до моментот на ревизијата, немало уплатена комунална такса по овој основ, која за 2020 година изнесувала 34.570 евра, а за 2021 година – 52.300 евра.

„Градоначалникот да преземе мерки: присилна наплата на ненаплатената комунална такса по основ на користење на простор за паркирање и еднострано раскинување на договорите со правните лица кои не ја уплатуваат таксата за користење на паркинзите“, наведено е во извештајот на ревизорите.

По основ на данок на имот, општината треба да наплати 4 милиони евра

По основ на данок на имот, данок на промет и данок на наследство општината во 2021 наплатила скоро два милиони евра. Од друга страна, само по основ на данок на имот општината има побарувања во износ од четити милиони евра.

Ненаплатени даноци за 2021 година

Данок на имот – 4.000.000 евра

Комунална такса за фирми – 1.844.000 евра

Такса за користење деловен простор – 270.534 евра

 

При наплата на данок на имот и други давачки, ревизорите нотирале и други незаконски постапувања. Така, не е извршено ажурирање на пазарната вредност на целиот недвижен имот на територијата на општината, потоа, не се утврдени стапки за данок на промет и наследство и подарок.

„Во ноември 2021 година доставени се опомени за ненаплатен долг по основ на данок на имот и данок на промет на недвижности, а не се продолжени мерки за присилна наплата. Потоа, без одлука на општинскиот совет на крајот од 2018 година, општината отпишала побарувања по основ на данок на имот во износ од скоро 560.000 евра и отпис на побарување по основ на комунална такса за фирма, во износ од 226.000 евра. Во 2022 година, донесена е одлука за ажурирање и усогласување на побарувањата и обврските на општината, со која е направен отпис на побарувања од 2005 до 2020 година, во износ од 173.600 евра, како и ажурирање на претплати во износ од 43.000 евра“, навеле ревизорите.

Тогашната градоначалничка Теута Арифи до ревизорите испратила образложение, во кое за блокираната сметка, навела:

„Податоците дадени за блокирањето на сметката и судските одлуки околу лимитот за функционирање на општината, би требало да се доведат во корелација со останатите буџетски прашања“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...