вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ревизорски извештај | 44 резултати

Алиу: Од 18 тендери распишани од МИОА, на 14 се пријавила само една фирма

20 октомври 2023

Oд 18 тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација, на 14 се пријавила само една компанија. За три постапки имало две понуди, односно за една постапка имало три понуди, рече денеска министерот за информатичко општество Азир Алиу, кој го презентираше Ревизорскиот извештај во однос на тендерските постапки. Предмет на ревизија […]

Општина Тетово не наплаќала даноци и такси, сметката ѝ е блокирана за долг од над шест милиони евра

12 јули 2023

Oд 2014 година досега, општинската сметка во Тетово е блокирана. Ова е една од најзадолжените општини во државата, која има доспеани неплатени милионски обврски по различни основи. Ревизорите нотираа дека на крајот на август 2022 година, сметката била блокирана за вкупен долг од над шест милиони евра. Освен за општинскиот буџет, новиот ревизорски извештај се […]

Општина Тетово: Големи потфрлувања кај буџетските приходи и расходи, нетранспарентни постапки, што открија ревизорите?

4 јули 2023

Долга листа забелешки испорачаа државните ревизори за Буџетот за 2021 година на Општина Тетово. Отсуство на транспарентност, неостварување на капитални расходи и даночни приходи се дел од забелешките, пишува Порталб.мк. Еве што нотираат ревизорите за финансиите на оваа општина, која е една од најзадолжените во државата. И приходите и расходите во “минус” со реализација Буџетот […]

Владата без критериуми исплатила речиси 100 милиони евра за справување со ковид-19 кризата

30 јуни 2023

Речиси 100 милиони евра од страна на Владата преку потпрограмата Мерки за справување со ковид-19 кризата, во 2021 година биле исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства, при што 33 отсто од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. За потпрограмата […]

И малкуте пари што ги одвоила за почист воздух, Владата на крај ги потрошила за други намени

30 јуни 2023

И оние малку средства што централната власт ги издвојува за справување со аерозагадувањето во земјава, не можат да се потрошат поради незаинтересираност на општините, за на крајот Владата да ги пренамени за други активности. Алармантни податоци нуди Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за […]

ДЗР: Енергетската криза ја дочекавме неподготвени, немало големи инвестиции во производство на струја

29 јуни 2023

Мерките и активностите кои се преземаат од надлежните институции во секторот енергетика не се доволно ефикасни за да обезбедат сигурност и одржливост во обезбедувањето на електрична енергија на долг рок во Република Северна Македонија, се вели во конечниот извештај за извршена ревизија на успешност „Подготвеноста на енергетскиот систем да се справи со енергетската криза“ на […]

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

27 јуни 2023

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем. Ова се само некои […]

ДЗР: Сметката на Општина Тетово е континуирано блокирана, се плаќа со компензации

23 јуни 2023

Од причина што општина Тетово е континуирано блокирана со судски извршни решенија за наплата на неизмирени обврски, дел од намирувањата на обврските и побарувањата општината ги врши со пребивање (компензација), промена на доверител или должник – отстапување на побарување со договор (цесија) и со упатување (асигнација) како начини на плаќање на истите. Ова е наведено […]

За рекламирање на пописот биле потрошени седум милиони денари, а биле планирани два

21 јуни 2023

Во текот на Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој се спроведе во 2021 година, склучени биле договори за набавка на лаптопи, без да се спроведе соодветна постапка за јавна набавка. Набавена била софтверска апликација за самопопишување без надомест и без притоа да се утврди дали е тоа спонзорство или донација. Освен тоа, за кампања […]

Скопското „Водовод и канализација“ до крај на 2021 должи на државата околу 3 милиона евра

23 мај 2023

Скопското Јавно претпријатие (ЈП) „Водовод и канализација Скопје“ на државата ѝ должи околу три милиона евра неплатени надоместоци за користење и испуштање одводни води за период од повеќе години, гласи еден од главните заклучоци на конечниот ревизорски извештај на „ЈП Водовод и канализација Скопје“ за 2021 година, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Конечниот […]

Ревизорите открија: постојната депонија во Свети Николе се пали и ја загадува околината

9 мај 2023

Општина Свети Николе веќе подолго време се противи на изградбата на современа регионална депонија по европски стандарди на нејзината територија, а во меѓувреме Државниот завод за ревизија откри дека постојната општинска депонија е надвор од било какви стандарди за управување со отпадот. Ревизорите извршиле увид на лице место на постојната депонија „Мавровица“ во Свети Николе, […]

ДЗР: За хонорарци во 2021 година Општина Кисела Вода потрошила над 300.000 евра

18 април 2023

Општина Кисела Вода во 2021 година преку приватна агенција за вработување ангажирала лица на кои им исплатила над 300.000 евра (над 18 милиони денари) за вршење редовни работни задачи, од кои дел, спротивно на законот, траеле и повеќе од две години, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите во својот извештај го опфаќаат периодот и […]

Арачиново под лупа на ревизорите: Општински советници добиле над 1,1 милиони денари спротивно на закон

13 април 2023

На општински советници во Арачиново им биле исплатени надоместоци спротивно на закон, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизорскиот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година на Општина Арачиново на сметката на основен буџет (637). Општинските советници добивале надоместоци, иако исплатата се врши врз основа на доказ […]

ДЗР: Дефицитот во ПИОМ расте, можни проблеми за идните пензионери поради уплатите

28 март 2023

Зголемените приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ПИОМ) не се доволни за покривање на дефицитот за исплатата на корисниците, и покрај тоа што дури 37,5 отсто од вкупните приходи на ПИОМ се од државниот Буџет. Дополнително, поради различни грешки, идните пензионери не ќе може да остварат целосни пензии, констатирал Државниот […]

Фондот за иновации за две години потрошил 750.000 евра на хонорарци, утврдиле ревизорите

9 март 2023

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави ревизорскиот извештај за Фонд за иновации и технолошки развој за периодот од 2019 до 2021 година, а во однос на кофинансираните грантови за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој. Извештајот за работата на Фондот во овој сегмент, според она што го утврдиле ревизорите, изобилува […]

За три години пожарите проголталe 3% од шумската површина, ревизорите утврдија серија слабости

2 февруари 2023

Шумските пожари што ја зафатија Македонија во периодот од 2019 до 2021 година уништиle 29.224,51 хектари шумска површина, што претставува 3% од целокупната површина под шуми што ја има земјава. Огромните штети доведоа до уништување на дрвна маса од 594.008 кубни метри. Овие податоци се наведени во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за […]

АНАЛИЗА: Даноци и давачки за животна средина – како се наплаќале и каде завршувале парите?

27 декември 2022

Јавни претпријатија наплаќаат вода, а немаат дозвола за управување на вода. Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила, но не се знае дали вистинските суми за даноци биле уплатени на сметка на Министерството за животна средина, пишува Порталб.мк. Ревизорскиот извештај кој под лупа ги става даноците за животна средина во функција на политики за […]

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

15 декември 2022

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за […]

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

13 декември 2022

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за […]

Во Македонија нема тело што врши контрола на спроведувањето на мерките за климатска акција

16 август 2022

Државниот завод за ревизија бара од државата да преземе активности за создавање предуслови за непречено функционирање на национално тело што ќе биде задолжено за контрола и координација на имплементацијата на проекти и прашања поврзани со климатската акција во Македонија. Оваа ревизорска препорака за формирање Национално тело за климатски промени е доставена до Министерството за животна […]

Страна 1 од 2