fbpx
Таг: ревизорски извештај

таг: ревизорски извештај

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за управување со отпад. Ова...

Во Македонија нема тело што врши контрола на спроведувањето на мерките за климатска акција

Државниот завод за ревизија бара од државата да преземе активности за создавање предуслови за непречено функционирање на национално тело што ќе биде задолжено за контрола и координација на имплементацијата на проекти и прашања поврзани со климатската акција во Македонија. Оваа ревизорска препорака за формирање Национално тело за климатски промени е доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, при...

ДЗР: Институциите недоволно и нецелосно работат за подобрување на родовата еднаквост

Иако уште во декември минатата година беше поддржана од меѓународните организации UN Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ и УНДП, Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година сè уште не е донесена од страна на Собранието на РСМ. Покрај тоа, на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна...

Ревизорите со критики за спроведување на мерките за ублажување на климатските промени во земјава

Многу зборување и ветувања, но малку реализација на дело. Државниот завод за ревизија (ДЗР) со серија на критики кон властите во врска со спроведувањето на мерките и политиките за ублажување на влијанието на климатските промени во земјава. Развојот на правната и стратешката рамка за координирана климатска акција во земјава се одвива со задоцнување од три години, а до денешен ден...

Ревизорите откриле недоследности во работата на Стоматолошкиот клинички центар

Државниот завод за ревизија денеска ги објави ревизорските извештаи од извршената ревизија во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар. Ревизорите утврдиле дека несоодветно бил применуван Законот за јавни набавки, потоа, дека е нарушена независноста на единицата за внатрешна ревизија, пописот не е спроведен во целост, не е воспоставена евиденција на потрошувачката на залихи по организациони единици и пациенти, а не е...

Порталб анализа: Јавни претпријатија, државни фирми и општини добивале „буџетска помош“ без критериуми и контрола

Иако се работело за милионски суми на пари кои се трошеле од Буџетот за помош на фирмите и на граѓаните во ковид здравствената криза – дел од средствата односно економските мерки не содржеле податоци за тоа како биле планирани, искористени, неискористени, колкав бил износот на имплементација, а постоеле и математички неусогласености, пишува Порталб.мк. Ова е само еден од наодите на Државниот...

„Порталб.мк“: За три години, 50 милиони евра се насочиле за развој на општините – дали и како се трошеле парите?

Почист воздух, подобра водоводна и канализациска мрежа, патишта... Милионски суми на средства секоја година се префрлуваат од централно на локално ниво. Во периодот од 2017 до 2019 година од централно ниво на општините се трансферирале скоро 50 милиони евра за програми и проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, пишува „Порталб.мк“. Станува збор за високи износи доделени...

Загуби на вода за пиење – дел од општините молчат, дел се свесни за огромните загуби што се прават во системите

Општините со најголеми загуби на вода за пиење во водоводните системи во Северна Македонија не се премногу расположени да зборуваат за огромниот проблем што го имаат во нивната инфраструктурна мрежа. Од седумте општини за кои Државниот завод за ревизија објави дека во 2019 година имале најголем процент на загуби на питка вода, „Мета.мк“ во два наврати во изминативе 12...

ДЗР: Во Управата за водење на матични книги за една година згрешени 21.957 изводи

Управата за водење на матичните книги издала 21.957 изводи со погрешно внесени податоци во текот на 2019 година, што е 4 отсто од вкупниот број издадени изводи за таа година, откриле државните ревизори при контролата на работењето на оваа институција. „Управата ја нема утврдено одговорноста за надоместување на трошокот во случај на настаната грешка при издавање на изводите, поради што...

Само 0,3 отсто од собраниот отпад лани во Скопје бил селектиран, „Комунална хигиена“ вели не е исплатливо

Во острите критики што ги упатија државните ревизори кон државните и општинските власти во однос на третманот и справувањето со пластичниот отпад се најде и скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Тие тврдат дека јавното комунално претпријатие (ЈКП) од Скопје врши третман на пластичен отпад, иако не ги исполнува минималните технички критериуми за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка...

Ревизорите тврдат: Преземените мерки во последните три години не го намалија аерозагадувањето

Иако претставуваат позитивен чекор, со преземените активности во изминативе три години не се постигнати утврдените цели и посакуваните ефекти во однос на намалување на загадувањето на воздухот, заклучил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Конечниот извештај за извршена ревизија за следење на препораките што ги дале ревизорите во 2018 година на тема „Квалитет на воздухот - кооперативна ревизија“. „Надзорот и...

Ревизорите потврдија: Пластиката не се селектира, погоните за рециклирање мора да увезуваат отпад

Диви депонии на секое ќоше, преполни контејнери со отпад по населбите, рекордни количества на создаден отпад на национално ниво. И покрај ваквата состојба со отпадот во Македонија, инсталациите за рециклирање на пластичен отпад во земјава мораат да увезуваат отпадна пластика од странство за да обезбедат ефикасно работење во третманот и преработката на пластичниот отпад. „Од страна на надлежните институции на...

Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење [инфографик]

Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија на следење на препораките во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, со цел да се оцени степенот...

Општините во земјава повторно тонат во долгови

Вкупниот износ на пријавени обврски на единиците на локалната самоуправа во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски во Министерството за финансии со состојба на 31.12.2019 година изнесува 3,3 милијарди денари (53,7 милиони евра), открива Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот на усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија за 2019 година. Ревизорите утврдиле дека во декември...

Антикорупциска отвори постапка за ЈП „Градски паркинг – Тетово“ по неповолниот ревизорски извештај

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска отвори постапка за Јавното претпријатие „Градски паркинг - Тетово“, откако го разгледа извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот завод за ревизија за работата на ова претпријатие за 2018-та година, во кој се најдоа серија на законски прекршувања, пренесува „Порталб.мк“. - Денеска решивме да отвориме постапка, во...

Ревизорите бараат од МИА систематизирани работни места со утврдени задачи и контрола на авторските договори

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во објавениот Ревизорски извештај изразува мислење со резерва во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи на Македонската информативна агенција (МИА) за 2018 година и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Ревизорите констатирале слабости во воспоставениот систем на внатрешни контроли кај благајничкото работење и процесот на...

Ревизорите утврдија низа нерегуларности на Универзитетот „Мајка Тереза”

Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во текот на 2018 година немал податоци за критериумите за избор на вработените професори, биле доделувани надоместоци за работа надвор од работниот распоред без критериуми, не се прикажани правилно и објективно сите финансиски и материјални аспекти на работењето, а во текот на 2017 г. незаконски бил именуван еден продекан, или заменик директор без научен назив...

Анализа: „Панорамското тркало“ и „Вртелешката во Луна парк“ под лупа на ревизорите

Како се делеле јавни набавки, колку пати и со која цел се менувале Годишните планови за јавни набaвки, кои се слабостите и последиците – ова се клучните прашања кои ги третира државниот ревизор во извештајот „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на договорите за јавни набавки на ниво на ЈП на Град Скопје“, пишува неделната економска анализа на...

Негативни оценки во ревизијата на работењето на Агенцијата за странски инвестиции во 2017

Многу проблеми со оценувањето на работата и резултатите на економските промотори во 2017 година констатирал Државниот завод за ревизија, кој ја објави ревизијата на регуларност на финансиските извештаи на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за 2017, заедно со ревизија на усогласеност. Оценката за работењето на државната агенција е негативно. Така, ревизорите дале неповолно мислење во поглед на ...

Поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, доби кривична за злоупотреба

Дејан Бошкоски, поранешниот директор на државното претпријатие АД ЕЛЕМ, како и С.П., внатрешна ревизорка во ЕЛЕМ, добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи (МВР), за злоупотреби на службената положба, поради погрешно евидентирање и исплаќање на прекувремена работа. Како што е наведено во полицискиот билтен, Д.Б. (44) од Скопје и С.П. (45) од Битола ги сториле злоупотребите во периодот од...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...