fbpx

Алиу: Од 18 тендери распишани од МИОА, на 14 се пријавила само една фирма

Ваквиот пристап може да произведе два негативни ефекти-склучување на договор со фаворизирана фирма и неостварување на буџетски заштеди, како и сомнеж за договарање на фирмите со цел една на друга да си го препуштат добивањето на тендерот, пишува во ревизорскиот извештај

-

Oд 18 тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација, на 14 се пријавила само една компанија. За три постапки имало две понуди, односно за една постапка имало три понуди, рече денеска министерот за информатичко општество Азир Алиу, кој го презентираше Ревизорскиот извештај во однос на тендерските постапки.

Предмет на ревизија биле предмети по случаен избор анализирани од независен ревизор, во делот од отворање на тендерска постапка до финална исплата за реализираните активности. Овој извештај го опфаќа периодот од јануари 2021 до јуни 2023 година.

„Во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА за одредена набавка била иста со сумата што ја понудила одредена компанија“, рече Алиу и додаде дека ова е системски проблем за кој треба да се најде соодветно решение.

Според него, од една страна, одредени компании сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, додека од друга страна голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции.

„Секако ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени заради малата понуда од компаниите. Затоа потребно е целокупно системско решение кое ќе ги спречи сите обиди за злоупотреба и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции“, рече министерот Алиу.

Во ревизорскиот извештај пишува дека Министерството нема воспоставена пракса од која ќе произлезе писмен доказ за направена анализа зошто во постапките за јавни набавки се доставува само по една прифатлива понуда заради што не се закажува е-аукција и се склучува договор со единствениот понудувач, чија цена многу често е иста со планираните средства за таа набавка.

„Ваквиот пристап може да произведе два негативни ефекти – склучување на договор со фаворизирана фирма и неостварување на буџетски заштеди, како и сомнеж за договарање на фирмите со цел една на друга да си го препуштат добивањето на тендерот“, пишува во извештајот.

Министерот Алиу додаде дека министерството сака да биде транспарентно и одговорно и во иднина ќе се организираат средби на кои ќе се информираат компаниите за поголемите тендери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...