вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: тендерска постапка | 37 резултати

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

9 март 2023

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои […]

Децата и трудниците кои боледуваат од дијабетес бесплатните сензори ќе ги добијат догодина

16 ноември 2022

По поништувањето на претходниот тендер во јануари годинава, Министерството за здравство најавува дека идната година ќе бидат набавени сензори за мерење гликемија во крвта кои бесплатно ќе ги користат 700 деца и бремени жени кои примаат инсулин. Како што најави министерот за здравство Беким Сали во отворено писмо по повод Меѓународниот ден за борба против […]

Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, со ребалансот повлечени парите за нов јавен превоз

4 август 2022

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради годинава

1 март 2022

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Од 12 компании и конзорциуми што ги поднесоа своите апликации на меѓународниот тендер до октомври 2020 година, во втората фаза од тендерската постапка се квалификуваа две компании. Втората фаза […]

ЕБОР за БРТ-то во Скопје: Проектите се предмет на многу детална проверка пред да ги одобриме

23 декември 2021

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до […]

За СДСМ одлуката за БРТ-то на Арсовска е скандалозна, за ВМРО тоа е проект со сомнеж за корупција

16 декември 2021

По донесената одлука на новото раководство на Градот Скопје да ја стопира тендерската постапка за избор на изведувач на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје, со своја реакција денеска излегоа од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека е скандалозен потегот на градоначалничката Данела […]

Град Скопје: Тендерот за изградба на првата БРТ-линија е стопиран, нема понуди од компании

15 декември 2021

Вчера заврши првата фаза од тендерската постапка за изградба на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Тендерската постапка што е објавена на веб-страницата на ЕБОР предвидуваше заинтересирани компании за учество на тендерот до Градот Скопје да ги достават своите претквалификациски понуди. Од Градот Скопје за Мета.мк информираат […]

Во август ќе започне изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје [инфографик]

11 декември 2021

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе започне да се гради догодина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека проектот се наоѓа во тендерска фаза. Капиталниот објект за главниот град ќе треба да се гради покрај реката Вардар во местото Трубарево, а за неговата изградба се обезбедени 136 милиони […]

Набавени 90.000 тони јаглен за РЕК Битола, повикот ќе биде отворен во текот на целата грејна сезона

23 ноември 2021

Од првично планираните 900.000 тони јаглен за набавка за потребите на РЕК Битола на распишаниот јавен повик, досега е договорено купувањето на 90.000 тони од Албанија. АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека ќе го потпишат договорот за набавка на овие количества јаглен, ќе го засилат ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе […]

До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

16 ноември 2021

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на […]

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

13 ноември 2021

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит – БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се […]

Распишан тендерот за изградба на брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје

28 октомври 2021

Tри дена пред одржувањето на вториот круг од локалните избори во Скопје, скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска објави дека е распишан тендерот за изградба на брзиот автобуски систем – БРТ. „Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот туку и за целата држава“, изјави градоначалникот […]

Во ноември ќе се потпише договорот со компанијата што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка

13 јули 2021

Постапката за избор на градежна фирма што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка на железничкиот Коридор 8 треба да се заврши до ноември годинава. Претквалификациската фаза заврши изминатава пролет, а во наредниот период тендерската документација ќе им биде доставена на претселектираните фирми, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Компаниите ќе имаат рок […]

Платформа за борба против корупција: Изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10 да биде низ транспарентен процес

29 април 2021

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува загриженост од ниското ниво на транспарентност на процесот со кој Владата на РСМ ја договара изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10. „Од информациите кои и се достапни на јавноста не може да се утврди оправданост за најавеното склучување на директен договор за реализација […]

До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

9 април 2021

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На […]

Пречистителните станици ќе ги исчистат реките од над половина од фекалиите што се влеваат во нив

22 март 2021

По повод годинешното одбележување на Меѓународниот ден на водата 22.Март, „Мета.мк“ потсетува дека 2021 година е клучната година во која треба да се завршат тендерските процедури и конечно да отпочне реализацијата на долговетуваните пречистителни станици за отпадни води во Скопје, Битола и Тетово. Со нивната реализација, над 50 отсто од количеството на урбани отпадни води […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

21 март 2021

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и […]

Државата и германската „Вибе“ преку арбитража ќе го решаваат спорот со недоградената пруга Куманово-Бељаковце

17 септември 2020

Спорот меѓу државата и германската компанија „Вибе“ околу недоградената пруга Куманово-Бељаковце ќе се решава пред меѓународен суд. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска најави дека преку арбитража ќе се решава прекинот со изградба откако фирмата-изведувач „Вибе“ на 29 мај годинава го известила Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ дека бара раскинување […]

Повеќе од една година автопатот Миладиновци-Штип е единствен во земјава на кој не се наплаќа патарина

15 септември 2020

Автопатот Миладиновци-Штип е единствениот пат од највисока категорија во земјава на кој повеќе од една година не се наплаќа патарина од возачите. И покрај тоа што беше отворен за сообраќај на 5 јуни, а официјално пуштен во употреба на 6 јули 2019 година, до денешен ден на оваа автопатска делница долга 47 километри не профункционира […]

Тендерот за „интелигентен видео-надзор“ на Коридор 10 повторно одложен за крајот на 2021 година

6 септември 2020

Втора година по ред се одложува распишувањето на меѓународниот тендер за изградба на комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот (Интелигентен транспортен систем – ИТС) на Коридорот 10. Овој пат, појавата на корона вирусот и целокупната криза што тој ја предизвика во земјава доведоа до ново одложување на објавата на тендерот, со […]

Страна 1 од 2