fbpx

За СДСМ одлуката за БРТ-то на Арсовска е скандалозна, за ВМРО тоа е проект со сомнеж за корупција

-

По донесената одлука на новото раководство на Градот Скопје да ја стопира тендерската постапка за избор на изведувач на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје, со своја реакција денеска излегоа од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека е скандалозен потегот на градоначалничката Данела Арсовска да го прекине проектот за БРТ, кој се спроведуваше со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Три години се работеше овој револуционерен проект кој има за цел да внесе нов систем на ефикасен и еколошки јавен превоз во главниот град. Многу важен за скопјани, велат од СДСМ.

„Направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство, како и проект за првата траса. Беше потпишан и Договор со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси на БРТ системот. Сега, заради лични хирови, Арсовска го укинува овој проект кој што веќе е во процес на реализација и од висок интерес на скопјани“, изјави Васев.

Од СДСМ потенцираат дека овој потег на Арсовска, освен што е против интересите на скопјани, е на директна штета на градот но и на државата, пред меѓународни финансиски институции, како што е ЕБОР.

„Наместо да работи за граѓаните, таа работи по инструкции од Белиот дворец и раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стефан Васев.

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на пресот на СДСМ, во која велат дека претходното градско раководство четири години мавтало со хартија за проектот БРТ и го наметнале крајно нетранспарентно без мислење на експертската јавност. На уште понетранспарентен начин, непосредно пред изборите бил објавен тендерот.

Од оваа партија велат дека проектот бил поврзан со големи сомнежи за корупција, кои ќе биле детално истражени и презентирани пред јавноста. Тие тврдат дека БРТ проектот требало да се спроведе дури за 10 години, а на Скопје му требаат проекти кои ќе понудат решение за актуелната состојба со сообраќајниот хаос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...