До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

-

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На крајот од јуни или почетокот на јули годинава, планирано е да се избере најповолната понуда за изградба на двете фази од проектот за железничко поврзување со Бугарија, по што би се склучил договорот и во август би можеле да започнат градежните работи.

За ова денеска информираше директорот на ЈП за железничка инфраструктура, Хари Локвенец, кој посочи дека на целокупната траса од Куманово до Деве Баир треба да се изведат 100 мостови и 40 тунели. Притоа, третата фаза од Крива Паланка до Деве Баир е најтешка за изведба и ќе чини најмногу – вкупно 405 милиони евра.

Сепак, директорот Локвенец посочи дека, земјава покрај подигнатите кредити за завршување на железничкото поврзување со Бугарија, во изминативе години има добиено и неповратни грантови од 68 милиони евра за втората фаза од пругата меѓу Бељаковце и Крива Паланка, како и 60 милиони евра за изведба на третата етапа од Крива Паланка до Деве Баир.

Хари Локвенец денеска информираше дека на 26 февруари годинава успешно е аплицирано до Инвестициската рамка за Западен балкан (ВБИФ) на ЕУ, од каде се очекуваат рекордни 182 милиони евра неповратни средства за заокружување на финансиската конструкција за третата делница од Крива Паланка до Деве Баир. Тој се надева дека земјава ќе добие позитивен одговор од ВБИФ за овие средства, а донесувањето на одлуката се очекува за јуни годинава.

Инаку, новиот тендер за изведба на двете првични фази (Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка) од изградбата на пругата кон Бугарија беше објавен на почетокот на јануари годинава. На претквалификационата фаза од тендерот беа доставени вкупно 20 апликации од меѓународни конзорциуми. 

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...