ЕБОР за БРТ-то во Скопје: Проектите се предмет на многу детална проверка пред да ги одобриме

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров.

Новата градоначалничка на главниот град, Данела Арсовска ја стопираше тендерската постапка за избор на изведувач што ќе ја гради првата од двете линии на БРТ-то, за која што беше земен кредит од ЕБОР во висина од 70 милиони евра. Официјалната позиција на Градот Скопје сега е дека минатата година биле изготвени анализи, во кои се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина.

Од ЕБОР за Мета.мк велат дека објавуваат детални информации за сите проекти на нивната веб-страница, вклучувајќи ги и документите за брзиот автобуски превоз.

„Сите наши проекти се предмет на многу детална проверка, пред да бидат одобрени и горди сме на високите стандарди според кои се раководиме, и истото го очекуваме од нашите партнери и клиенти. Постојат голем број на чекори на заштита и проверка, кои што ги применуваме за да обезбедиме услови за нашите проекти да ги задоволат овие стандарди“, информираат од ЕБОР.

Па така, проектот е разгледан од ЕБОР и проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката. За ова медиумите веќе пишуваа во текот на 2020 година.

„Главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа. БРТ се очекува да игра клучна улога во унапредениот транспортен систем, преку воведување на наменски автобуски коридори долж главните градските артерии“, се наведува во еден од документите на ЕБОР коишто се јавно објавени на интернет и може сите заинтересирани лица да ги разгледаат.

Во обемната документација на ЕБОР се наведува дека имаат и механизам на приговори за проектот БРТ, преку којшто поединците и организациите може да бараат нивните забелешки да се разгледаат преку релевантните механизми на ЕБОР креирани за оваа намена. Инаку, градоначалничката Данела Арсовска, како и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати излегоа со тврдења дека ќе се уништело средишното зеленило на булеварите, ќе се доведе во опасност главната водоводна цевка под булевар Партизански одреди и серија на други критики за проектот.

Во серијата на документи достапни на веб-страницата на ЕБОР, токму во делот на клучните ризици, се наведува ризикот од имплементација поради слабоста на Градот Скопје во поглед на претходно искуство од реализацијата на вакви крупни инфраструктурни проекти. Поради ова, ЕБОР на Градот Скопје и на Министерството за транспорт и врски им додели и неповратен грант средства во висина од 1,5 милиони евра за техничка поддршка при имплементацијата на проектот.

Од документите на ЕБОР може јасно да се види дека Градот Скопје нема да има никакви финансиски импликации за реализација на проектот, односно нема да биде презадолжена новата градска администрација со нови кредити, од проста причина што заемот го подига државата преку Министерството за финансии. Градот Скопје при реализацијата на брзиот автобуски превоз – БРТ ја има единствено улогата на имплементатор на проектот, којшто ќе треба да го потпише договор за неговата изведба со најповолниот понудувач.

Од ЕБОР за Мета.мк порачуваат дека немаат што повеќе да додадат за проектот за БРТ, а за сите дополнителни прашања околу неговата реализација на терен упатуваат на одговори до Градот Скопје и Министерството за финансии.

Инаку, експертите што ги контактираше Мета.мк веднаш по најавата за прекин на реализацијата на БРТ проектот, ја советуваа новата скопска градоначалничка да не брза со донесувањето на стратешки одлуки за скопскиот јавен превоз, додавајќи дека БРТ проектот во Скопје бил прифатен со големо воодушевување од преставниците на ЕБОР, кои се многу строги во поглед на проектите кои ги финансираат.

„Скопје не може да ги намали проблемите со метеж во сообраќајот, зголемено загадување, недостаток на паркинг простор, ако не се понуди високо квалитетен јавен градски превоз кој би бил доволно привлечен, за дел од денешните корисници на автомобили да откријат дека попогодно за нив е ако користат јавен градски превоз“, изјави професорот по јавен градски превоз на Техничкиот факултет во Битола Никола Крстаноски.

Инаку, во Скопје бројот на патници што го користат јавниот превоз во континуитет опаѓа низ годините наназад, наспроти порастот на бројката на автомобили по скопските улици. Како резултат на ова, постојните автобуси што сообраќаат се закрчени во сообраќајниот метеж, што според податоците на ЈСП-Скопје ја намалува просечната брзина на движење на автобусите и што доведува до зголемување на времетраењето на патување. Во комбинација со вообичаените гужви во јавниот превоз, бавноста на јавниот превоз во Скопје ги одвраќа граѓаните од неговото користење.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...