fbpx

Сашо Мијалков повторно во притвор – за друг судски случај

-

За помалку од половина ден, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вчеравечер повторно доби притвор од Основниот кривичен суд во Скопје.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бил поднесен предлог за определување на мерка притвор, и тоа за случајот „Плацевите на Водно“ каде Мијалков е обвинет за помагање при кривичното дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Судот ваквото барање на обвинителот го прифати.

Од ОЈО соопштија дека обвинителот проценил дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, сè уште постои опасност од бегство на Сашо Мијалков и затоа го доставиле предлогот за притвор.​

Инаку, синоќешната одлуката на Основниот кривичен суд доаѓа откако Апелациониот суд истиот ден објави дека ја прифатил жалбата на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор и му ја прифатил гаранцијата од над 11 милиони евра за преиначување на притворот во мерки за одземање на неговиот пасош и обврска редовно да се јавува во судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...