fbpx

Омикрон досега предизвикува намален процент од хоспитализација

-

Прелиминарните студии за ширењето на омикрон сојот на корона вирусот од Обединетото Кралство и Јужна Африка се истовремено и позитивни, но и предупредувачки. Од една страна, раните докази покажуваат дека помалку луѓе што се заразиле со омикрон сојот имаат потреба од болничко лекување, со проценки дека хоспитализациите предизвикани од овој сој се намалени од 30 до 70 отсто во однос на тоа кое истражување е консултирано, пишува Би-Би-Си.

Сепак, она што загрижува е фактот дека омикрон сојот се шири неверојатно брзо и големиот број на случаи што ќе се појават наеднаш во секоја земја одделно ги загрижува научниците дека би можело токму тоа да ги наполни болниците со хоспитализирани пациенти. Во многу од земјите се очекува омикрон сојот да стане доминантен веќе во првите недели од 2022 година.

Весникот „Гардијан“ го цитира истражувањето на Империјал колеџот од Лондон, којшто ги истражувал бројките за хоспитализирани лица и нивниот вакцинален статус кај пациенти заразени со омикрон и делта сојот во Англија за периодот од 1 до 14 декември. Првичните резултати покажуваат намалување од 20 до 25 отсто на шансите за хоспитализација кај оние заболени со омикрон сојот.

Друга прелиминарна анализа спроведена во Шкотска во периодот од 23 ноември до 19 декември вели дека ризикот од хоспитализација кај лицата заболени со омикрон сојот е помал и до 70 отсто во споредба со оние пациенти што биле заразени со делта сојот.

Во студијата од Шкотска се додава дека сепак резултатите се прибирани во период кога имало мал број на заболени случаи со омикрон сојот и имало помалку постари лица што биле вклучени во нивното истражување, пишува Би-Би-Си.

И податоците што доаѓаат од Јужна Африка говорат дека ковид бранот предизвикан од омикрон сојот за 70 до 80 отсто во нивната земја ја намалил потребата од болнички третман на заболените лица. Сепак, Би-Би-Си додава дека кај оние лица што ќе завршат во болница, нема разлика меѓу омикрон и делта сојот во однос на здравствениот исход кај пациентите од болеста.

Она што е најважно да се напомене е дека повеќето земји во Европа и во светот пред божиќните и новогодишните празници воведуваат дополнителни превентивни мерки за да се спречи натамошното ширење на омикрон сојот, земајќи го предвид фактот дека ваквите досегашни истражувања се првични и се спроведени во период кога процентот на заболени лица во земјите бил мал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...