fbpx

Набавени 90.000 тони јаглен за РЕК Битола, повикот ќе биде отворен во текот на целата грејна сезона

-

Од првично планираните 900.000 тони јаглен за набавка за потребите на РЕК Битола на распишаниот јавен повик, досега е договорено купувањето на 90.000 тони од Албанија. АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека ќе го потпишат договорот за набавка на овие количества јаглен, ќе го засилат ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе го осигураат производството на струја во зимските месеци.

„Од деветте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Р. Северна Македонија и од регионот, дел од понудите не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација. Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810.000 тони јаглен за РЕК Битола и 170.000 тони за РЕК Осломеј“, информираат од АД ЕСМ.

Од АД ЕСМ велат дека отворениот повик ќе биде дополнителна можност за компаниите да ја комплетираат документацијата, како што е случајот со понудата на јаглен од Косово која ги задоволува техничките, финансиските и количинските барања на повикот.

„Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини“, велат од АД ЕСМ.

Од државната енергетска компанија појаснуваат дека нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200.000 тони.

Уапсени три лица од струшко осомничени за полови дејства со деца

Струшката полиција уапси еден малолетник и две возрасни лица од струшките села Враништа, Драслајца и Мороишта поради основано сомнение за полови дејства со деца помлади од 15 години. Од Основното...
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download
download mobile firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy course