Арачиново под лупа на ревизорите: Општински советници добиле над 1,1 милиони денари спротивно на закон

Со извршената ревизија, државните ревизори изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година

-

На општински советници во Арачиново им биле исплатени надоместоци спротивно на закон, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизорскиот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година на Општина Арачиново на сметката на основен буџет (637). Општинските советници добивале надоместоци, иако исплатата се врши врз основа на доказ за одржани седници на општинскиот совет.

„Во текот на 2021 година, исплатени се надоместоци во износ од 1.807 илјади денари на сите членови на Советот на Општина Арачиново, без докази за одржани седници и присуство на сите советници. Општината не води евидентни листи за присуство на советниците на одржаните седници на Совет, а исплатата на надоместоците се врши без месечни списоци за исплата изготвени од страна на претседателот на Совет. Од извршениот увид во записниците за одржани седници, ревизијата констатира дека во текот на годината одржани се вкупно 4 седници, а исплатен е надоместок за 12 месеци“, се наведува во Ревизорскиот извештај.

Ревизорите констатираат дека ваквата состојба не е во согласност со одредбите од дел 5А од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката, каде е предвидено месечниот надоместок за присуство на седниците да не се исплатува доколку Советот не одржал ниту една седница, а се намалува за 30% за секое отсуство од седница и не се исплатува доколку членот на советот не присуствувал на ниту една седница во тековниот месец.

„Спротивно на законските одредби, за надомест на советниците повеќе се исплатени 1.102 илјади денари. Во текот на 2022 година, исплатата на надоместоците на членовите на Советот на Општина Арачиново, се врши врз основа на докази за одржани седници и присуство на советниците“, констатираат ревизорите за 2021 година и бараат од градоначалникот на Арачиново да преземе мерки за лицата кои спротивно на Законот добиле надомест, средствата да ги вратат во општинскиот буџет.

Исто така, Ревизорскиот извештај Општина Арачиново во текот на 2021 година има направено расходи без соодветна поткрепувачка документација во вкупен износ од 2.711.000 денари.

„Градоначалникот на општината да преземе мерки и активности промените во деловните книги и финансиските извештаи да бидат врз основа на комплетни и веродостојни сметководствени документи“, гласи препораката од ревизорите до градоначалникот на Арачиново.

„Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“, гласи генералниот заклучок што го даваат државните ревизори во Ревизорскиот извештај.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Арачиново, сметка на основен буџет (637) за 2021 година, констатирано е и дека системот на внатрешни контроли не е воспоставен со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности во однос на потврдување на комплетноста и веродостојноста на финансиските трансакции, ex-ante и expost контрола и нема назначено одговорен сметководител.

Исто така, ревизорите констатирале во актите за внатрешна организација и систематизација на Општина Арачиново не е формирана посебна организациона единица за финансиски прашања, а постојат и слабости во пресметката и исплатата на плата и надоместоците на советниците, како и начинот на ангажирање и исплата на привремено вработените лица.

Во делот на необезбедената соодветна поткрепувачка документација за реалноста и објективноста на дел од евидентираните расходи, државните ревизори констатирале дека ваквата состојба се однесува на потрошеното гориво, репрезентацијата, зимското одржување на локални улици и патишта, поправката и сервисирањето на товарни и патнички моторни возила со замена на резервни делови.

Ревизорите констатираат дека биле извршени градежни работи – изградба и реконструкција на улици и патишта без одобрение за градба и основен проект, а ставањето во употреба на градбите е извршено без извршен записник за примопредавање.

Вториот Ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај Општина Арачиново на сметката на основен буџет (630) се утврдени слабости при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77 отсто и не донесен ребаланс на Буџетот за 2021 година.

„Општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет  на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност“, стои во Ревизорскиот извештај.

Притоа, ревизорите утврдиле дека Општина Арачиново не остварува приходи по основ на: комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште.

„Не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата“, гласи вториот Ревизорски извештај.

Поради ова, со извршената ревизија, Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...