fbpx

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

Во МЗШВ и АХВ пополнети се само 30 отсто од предвидениот број на ИТ вработени, па дел од системите во МЗШВ и АХВ ги администрираат лица кои се во сектори и одделенија задолжени за функционирање на самите регистри

-

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем.

Ова се само некои од слабостите кои ги нотирале државните ревизори во последниот ревизорски извештај за овие институции. Тие ги проверувале слабостите и предностите во ажурноста на земјоделските регистри.

„Начинот на контролите на воспоставените регистри, отсуството на ИТ кадар и слабата меѓу институционална размена на податоци, не обезбедува ефективно управување и следење на субвенционирањето на земјоделските стопанства“, наведено е во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Ревизорите навеле дека со ревизијата констатиран е нееднаков пристап за евиденција на државно земјоделско земјиште кое се води рачно во табели на локално ниво, неажурирање на централизиран регистар по доставена ексел табела, некористење во целост на воспоставената апликација за водење на државно земјоделско земјиште, како и недостиг на размена на информации и координација во МЗШВ.

„Ваквата состојба довелa до отсуство на целосна евиденција на државно земјоделско земјиште – закупено и слободно, приходите од закупнините на земјоделско земјиште да не се следат на централно ниво по закупец, како и министерството да не може да го планира приходот по основ на закуп и објавување на јавни повици за давање во закуп на целосното слободно земјоделско земјиште во државна сопственост“, потенцирано е во извештајот.

Оттаму додаваат дека во МЗШВ и АХВ отсуствуваат ИТ политики и процедури и назначени службеници за ИТ безбедност, што може да доведе до доделување на улоги и пристап на одредени корисници до системи за кои не се надлежни.

Во МЗШВ и АХВ пополнети се само 30 отсто од предвидениот број на ИТ вработени, па дел од системите во МЗШВ и АХВ ги администрираат лица кои се во сектори и одделенија задолжени за функционирање на самите регистри.

„За надминување на наведените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и институции, во функција на воспоставување ефективни политики за подобрување на утврдените состојби со администрирање на информациските системи и регистрите“, пишува во извештајот на ревизорите.

Минатата година во октомври, Мета објави дека МЗШВ закрепнува од тешкиот хакерски напад на руската група BlackByte, која во извесен период ја парализираше работата на институцијата. Од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) тогаш изјавија дека по започнувањето на руската воена агресија во Украина, бројот на сајбер нападите е зголемен ширум светот, вклучително и против државни институции кои биле цел на напади со откупни софтвери. Тоа значи дека и во иднина и во Македонија и во земјите од регионот да се очекуваат хакерски напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...