fbpx

Вагнер може да го засили регрутирањето надвор од Русија, вклучувајќи го и Западен Балкан

Матвеева вели дека откако канцелариите на Вагнер во Русија се затворени, прилично логично е дека Пригожин најверојатно ќе го зголеми регрутирањето надвор од Русија. Таа додава дека се знае оти Вагнер регрутира во Србија од 2014 година

-

Водачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин би можел да го засили регрутирањето надвор од Русија или Белорусија, а Западниот Балкан е една од опциите за Вагнер. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави Ана Матвеева од Институтот РУСИ и истражувач на Кралскиот колеџ во Лондон.

Матвеева вели дека откако канцелариите на Вагнер во Русија се затворени, прилично логично е дека Пригожин најверојатно ќе го зголеми регрутирањето надвор од Русија. Таа додава дека се знае оти Вагнер регрутира во Србија од 2014 година, како и дека српски борци на Вагнер биле во Сирија.

Таа додава дека Пригожин ќе се пресели во Белорусија, но тоа не значи дека ќе остане таму, а постои можност да му биде дозволено на крајот да оди со некои од неговите борци во Африка.

„Некои од неговите борци сигурно ќе потпишат договори со Министерството за одбрана, други ќе се преселат со него во Африка, а тој ќе биде таму некое време, пред да се отвори следното поглавје од рускиот политички живот“, вели Матвеева во интервјуто.

Санкциите против Вагнер од западните земји имаат главно симболична работа, бидејќи Вагнер никогаш директно не купувал оружје од Западот, изјави таа.

Целото интервју со Ана Матвеева може да се прочита ОВДЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...