fbpx

Си-ен-ен објави аудиоснимка каде Доналд Трамп зборува за доверливи документи

„Ова беше направено од војската и ми беше доставено мене“, продолжува Доналд Трамп, пред да забележи дека документот останал класифициран.

-

Си-ен-ен објави аудиоснимка за која се вели оти е од состанок во 2021 година во Бедминстер, Њу Џерси, каде што поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговара за чување тајни документи што не ги декласифицирал.

Снимката што ја добил Си-ен-ен и која првпат беше емитувана во емисијата „Андерсон Купер 360“ (Anderson Cooper 360) открива нови детали од разговорот што е клучен доказ во обвинението на специјалниот советник Џек Смит против Трамп за наводното погрешно постапување со доверливи информации.

„Ова се документите“, вели Трамп во аудиоснимката додека разговарал за плановите за напад на Пентагон – цитат што не е вклучен во обвинението.

Во снимката долга околу 2 минути, Трамп и неговите соработници се шегуваат и за мејловите на Хилари Клинтон, откако поранешниот претседател вели дека документот е „тајна информација“.

Како што пишува Си-ен-ен, изјавите на Трамп на снимката кога вели дека „ова се документите“, повикувајќи се на нешто што тој го нарекува „строго доверливо“ и за што се чини дека ги покажува на други лица во просторијата, може да ги поткопаат тврдењата на поранешниот претседател во интервјуто за Фокс Њуз минатата недела, кога рече дека немал никакви документи со себе.

Претходно месецов Трамп се изјасни за невин по 37-те точки од обвинението поврзано со наводното погрешно постапување со доверливи документи кои биле чувани во неговиот ресорт Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Аудиоснимката доаѓа од интервјуто што Трамп го дал во јули 2021 година во неговиот ресорт во Бедминстер за лица кои работеле на мемоарите на Марк Медоус, поранешниот шеф на неговиот кабинет. Во обвинението на специјалниот обвинител Смит се наведува дека на присутните, меѓу кои имало писател, издавач и двајца од персоналот на Трамп, им биле покажани доверливи информации за план за напад врз Иран.

Оваа снимка е една од двете наведени во обвинението каде што обвинителите тврдат оти Трамп им покажал доверливи информации на лица кои немале безбедносен сертификат.

Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, во изјава рекол дека „аудиоснимката дава контекст што уште еднаш докажува дека претседателот Трамп воопшто не направил ништо лошо“.

Во вториот дел од снимката Трамп се навраќа на документите на Иран, што е нотирано и во транскриптот од обвинението против него.

„Само размислував, бидејќи разговаравме за тоа. Знаете, тој рече ’Сакаше да го нападне Иран‘ и… ова се документите“, вели Трамп според снимката.

„Ова беше направено од војската и ми беше доставено мене“, продолжува Доналд Трамп, пред да забележи дека документот останал класифициран.

„Видете, како претседател можев да го декласифицирам. Сега не можам, знаете, но ова е сè уште тајна“, вели Трамп.

Доналд Трамп обвинет за погрешно постапување со стотици доверливи документи

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...