fbpx

Трамп на прво судско рочиште по обвинението дека погрешно постапувал со доверливи документи

Денешното појавување на Трамп пред судот ќе претставува историски и досега невиден настап на прв поранешен претседател во историјата на САД кој се соочил со федерални обвиненија

-

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска треба да се појави во федералниот суд во Мајами и да се соочи со обвиненијата дека незаконски чувал доверливи документи за националната безбедност откако ја напуштил функцијата.

Неговото денешно појавување пред судот ќе претставува историски и досега невиден настап на прв поранешен претседател во историјата на САД кој се соочил со федерални обвиненија, јавува Си-Ен-Ен.

Специјалниот советник Џек Смит минатата недела поведе обвинение против Трамп по 37 точки, тврдејќи дека поранешниот претседател постапувал погрешно со доверливи документи, учествувал во заговор за попречување за правдата и давал лажни изјави пред органите на прогонот. Во обвинението се тврди дека Трамп ги однел досиејата во Мар-а-лаго – неговиот дом во Палм Бич, кој истовремено е седиште на приватен клуб каде се одржувале настани за илјадници членови и гости.

Доналд Трамп обвинет за погрешно постапување со стотици доверливи документи

Обвинет беше и помошникот на Трамп, Волт Наута, кој се очекува да се појави на суд заедно со поранешниот претседател.

Како што пишува Си-Ен-Ен, судските постапки во голема мера ќе бидат рутински, но не и околностите околу обвинението, затоа што се очекуваат големи протести од поддржувачи и противници пред судот во Мајами.

За Трамп ова е второ појавување во судница за помалку од три месеци, откако во април беше изведен пред суд во Њујорк под обвинение дека фалсификувал деловни записи за исплата на средства кон порно актерка во 2016 година.

Се очекува Трамп да одржи говор вечерва откако ќе се врати во својот ресорт во Бедминстер, Њу Џерси.

Тој денеска за првпат постираше објава на социјалните мрежи поврзана со неговото појавување пред судот, пишува Би-Би-Си. Одговарајќи на прашања за специјалниот советник Џек Смит, кој е главен истражител на обвинението, Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека Смит бил „радикален десничар“ и „мразач на Трамп“.

Претходно, поранешниот претседател луто реагираше на обвинението, нарекувајќи го „политички мотивирана измама“. Тој тврди дека немал што да крие и дека е невин.

Клучен елемент на случајот е аудиоснимка во која Трамп, наводно, вели дека свесно чувал документи и признава дека бил ограничен во неговата способност да ги декласифицира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...