fbpx

Трамп пред судот се изјасни за невин и рече дека Америка оди кон пеколот

Во кривичниот суд во Менхетн, Трамп ги ислуша и ги отфрли сите обвиненија за неправилности

-

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред судот во Њујорк се изјасни за невин по обвиненијата за 34 кривични дела за кои претходно беше уапсен. Трамп синоќа се предаде, по што беше уапсен и беше изведен на историското појавување на суд, така што стана првиот американски претседател кој бил уапсен и се соочил со кривични дела, пишува Си-ен-ен.

Обвиненијата против Трамп се однесуваат на фалсификување деловни извештаи од прв степен. Обвинителите тврдат дека Трамп се обидел да го поткопа интегритетот на претседателските избори во 2016 година преку шеми на плаќања кон жени кои тврделе дека имаат вонбрачни афери со Доналд Трамп. Станува збор за исплатата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016. Тоа имало за цел да ја спречи да зборува јавно за наводниот сексуален однос со Трамп десет години порано. На тој начин, Трамп ги прекршил изборните закони, а обвинителите спомнаа уште една жена која исто така добила пари од Трамп.

Во кривичниот суд во Менхетн, Трамп ги ислуша и ги отфрли сите обвиненија за неправилности. Тимот на адвокати на поранешниот претседател ќе има рок до 8 август да поднесе предлози, за кои обвинителството е должно да одговори до 19 септември. Судијата Хуан Мерчан изјави дека ќе се произнесе за поднесените предлози од адвокатите на Трамп на следното сослушување закажано за 4 декември.

Откако се изјасни за невин пред судот во Њујорк, Трамп се врати во Флорида и им се обрати на неговите приврзаници. Тој рече дека Америка оди кон пеколот.

„Никогаш не мислев дека нешто вакво може да се случи во Америка, никогаш не мислев дека може да се случи. Единственото злосторство што го направив е бестрашно да ја бранам нашата нација од оние кои се обидуваат да ја уништат“, изјави Трамп пред своите приврзаници.

Си-ен-ен анализира дека обвиненијата против Трамп доаѓаат во период на неговата најава за кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година. Паралелно со кандидатурата за претседателските избори во САД, тој ќе треба да се бори со обвиненијата пред судот, но и со јавното мислење.

Трамп за време на својот говор во Флорида изнесе серија на обвинувања против окружниот обвинител во Менхетн, Алвин Брег за протекување на информации од обвиненијата во медиумите, а поранешниот американски претседател во својот говор се занимаваше и со семејството на судијата што го води процесот во њујоршкиот суд, тврдејќи дека судијата го “мразел” Трамп, а неговата ќерка работела за Камала Харис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...