Нигериец со американски пасош уапсен ноќеска во парк, носел пиштол без дозвола и нападнал полицаец
декември 21, 2025
Странецот бил уапсен пред еден од угостителските објекти
декември 21, 2025
Странецот бил уапсен пред еден од угостителските објекти
октомври 27, 2025
Полицијата приведе две лица од раководството на „Комунална хигиена“, откако минатата недела Основното јавно обвинителство започна истрага поврзана со неработењето на јавното претпријатие што резултираше со натрупување на огромни количини ѓубре во главниот град. Еден од приведените е директорот Сабахудин Рустеми. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, дадена е наредба полициските службеници да преземаат […]
октомври 9, 2025
Полицијата, во соработка со разузнавачката служба и обвинителството, го уапси Фатмир Шехоли, политички аналитичар и директор на Приштинскиот институт за афирмација на меѓуетничките односи, под сомнение за вмешаност во шпионажа, објави министерот за внатрешни работи со технички мандат во Приштина, Ѓељаљ Свеќља. Специјалното обвинителство во Приштина објави дека Фатмир Шехоли е уапсен по повеќемесечна истрага […]
септември 27, 2025
На 26.09.2025 околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, […]
август 15, 2025
Академскиот пленум на Србија остро го осуди насилството врз студенти и граѓани што, според нив, го извршиле приврзаници и платеници на владејачката Српска напредна странка (СНС), како и бруталните интервенции на полицијата во повеќе градови, меѓу кои Нови Сад, Белград, Ваљево, Врбас, Ниш и Бачка Паланка. Во соопштението се наведува дека претседателот на Србија, Александар […]
мај 30, 2025
Вчера на на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во с. Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.Гајре, поради сомнение дека пред четири дена пукале со автоматска пушка, соопшти МВР. „На 26 мај во 21.15 часот на улица „111“ во Тетово, пукале со автоматска пушка во правец на куќа, […]
март 22, 2025
Лидерот на главната турска опозициска партија го обнови повикот до поддржувачите да излезат на улиците на мирни демонстрации против апсењето на градоначалникот на Истанбул и главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесува Јуроњуз. Екрем Имамоглу беше уапсен во рација во неговата резиденција во средата поради наводна корупција и поврзаност со тероризам. Неколку други […]
март 19, 2025
Турската полиција го уапси градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е популарен опозициски лидер и еден од главните ривали на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Покрај него, уапсени се и неколку други истакнати личности во рамките на истраги за наводна корупција и врски со терористички групи. Ова претставува драматична ескалација на тековниот притисок врз опозицијата и […]
март 11, 2025
Филипинската полиција го уапси поранешниот претседател Родриго Дутерте откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење, обвинувајќи го за злосторства против човештвото поврзани со неговата смртоносна „војна против дрогата“. Дутерте беше уапсен на аеродромот во Манила, веднаш по неговото враќање од Хонг Конг. Бруталната акција против дрогата, која ја водеше Дутерте за време […]
февруари 5, 2025
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В. 20-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На […]
октомври 17, 2024
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведоа координирана акција во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од […]
октомври 16, 2024
Во голема полициска акција под кодно име „Премин“ и по извршени претреси на 26 локации, уапсени се 15 царински службеници и еден полициски службеник, соопшти МВР. Акцијата, според полицијата, е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведувало по доставена пријава […]
април 7, 2024
Денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре” и ФК „Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил […]
февруари 5, 2024
При претресите и приведувањата на Клиниката за онкологија, полицијата постапувала по наредба на јавен обвинител, а не по наредба на министерот за внатрешни работи. Впрочем и самиот министер Тошковски во изјава за Сител рече дека МВР постапувало по наредба на Основното јавно обвинителство и дека надлежноста за целиот процес е на ОЈО, пишува „Вистиномер“ во својата […]
февруари 2, 2024
Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни […]
јануари 25, 2024
Полицијата соопшти дека разбиена е меѓународна организирана криминална група чии членови биле инволвирани во организираше набавка на кокаин од земји од Јужна Америка, а осомничени се и за убиства извршени на територијата на Северна Македонија. Станува збор за три убиства и еден обид за убиство. Истрагата, како што соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски […]
јануари 17, 2024
Двајца крадци вчера биле фатени на дело, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентите се случиле во Куманово и во Штип. Во 22 часот вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети. Ф.А. бил приведен […]
јануари 17, 2024
Тетовската полиција ноќеска фатила провалник на дело во обложувалница. Станува збор за С.Н.(32) од Ново Село, општина Желино. Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата во Тетово и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на […]
јануари 6, 2024
Тврдењето дека Палчо бил ослободен во Турција е неточно, тоа не соодветствува со фактите и со изјавите и информациите кои доаѓаат од официјални лица и институции. Спротивно на тврдењето во објавата, има потврда од Републичкото јавно обвинителство Баликесир, Турција, за која на 29 декември информираше македонското Министерство за правда, дека на Палевски му бил одреден […]
декември 14, 2023
Човекот кого министерот за внатрешни работи го посочи како главен креатор, планер, координатор и директен извршител на грозоморните убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот фризер Панче Жежовски од Велес, беше уапсен од турската полиција, додека пеш се движел по еден од автопатите кај градот Баликесир. Кој и како го израсна „чудовиштето од […]