fbpx

Палевски бил уапсен пред да лета за Москва, ама во 2019 година

Настанот нема врска и не е поврзан со тоа што Љупчо Палевски Палчо не им беше достапен на органите на прогонот, односно беше баран со потерница поради истрага за кривичи дела грабнување и убиство

-

Во овие објави кои се шират на Фејсбук во време кога Љупчо Палевски беше меѓународно баран како првоосомничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се споделува стар текст од 2019 година во кој пишува дека Палевски бил уапсен пред да летне за Москва. Настанот навистина се случил, ама за друго дело и пред 4 години и неповрзано со убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме две објави на социјалната мрежа Фејсбук во кои се споделува фотографија од наслов од медиум со содржина:

Љупчо Палевски – Палчо, уапсен пред да летне за Москва.

Во склоп на првата објава авторот на 3 декември годинава пишува „чичин и Инфомакс каде са“. Во склоп на втората објава на 5 декември се наведува:

Сакал да оди кај Путин па заедно како ѓаволи и како рак на светот да го шири ракот и понатаму. Ѓаволот се шета по земјата па и затоа има толку злоба во луѓето што не може да се опише со зборови.

Во објавата се пропушта контекстот со оглед на тоа што написот односно насловот кој се споделува, е стар, од 2019 година. Вистиномер го пронајде оригиналниот напис објавен на медиумот „Фактор“ на 13 септември 2019 година. Од него е евидентно дека тогашното апсење на Палевски е поврзано со друг настан, а не со настанот од 2023 година кога Палевски е осомничен за убиството и грабнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Имено, од написот објавен на 13 септември 2019 година со наслов:„Љупчо Палевски Палчо уапсен пред да летне за Москва“, е евидентно дека станува збор за кривично правен настан во кој Палевски тогаш дел од движењето „Бојкотирам“, активно за бојкотирање на референдумот за промена на уставното име, бил притворен (во септември 2019 година) во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва. Станува збор за активирана потерница во тоа време од Хрватска и тој тогаш се нашол во екстрадиционен притвор.

Во истиот текст се наведува дека Палевски во Москва требало да склучи бизнис зделка и дека тој своевремено живеел во Хрватска, каде останал задолжен 2.500 евра и дека тоа била причината за потерницата.

Но, овој настан нема врска и не е поврзан со тоа што Љупчо Палевски Палчо не им беше достапен на органите на прогонот, односно беше баран со потерница поради истрага за кривичи дела грабнување и убиство.

Како што извести министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вонредната прес-конференција која ја одржа доцна вечерта во 22 часот и 30 минути на 5 декември, уапсен во Турција, во градот Баликесир, додека се движел по автопат пеш, бил Љупчо Палевски, првоосомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Само што добивме известување од колегите од Турција дека креаторот, планерот и директниот извршител на овие кривични дела е фатен на нивна територија, идентично со нашите сознанија за траекторијата. Тоа беше последната алка која ни недостигаше за да кажеме дека сме сториле се и сосема да ги разобличиме овие монструми кои ги сторија кривичните дела кои длабоко не потресоа сите, рече меѓу другото Спасовски.

За Палевски беше претходно распишана меѓународна потерница и определен му беше 30-дневен притвор. За него отпочната е постапка за екстрадиција од Турција.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот. Палевски не е уапсен пред да летне за Москва во 2023 година, туку тоа се случило во 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агресивен пензионер е снимен во итната служба на Неапол, а не на вакцинален пункт

Видеото од објавата што ја рецензираме не е од центар за вакцинација туку од итната помош во Неапол. Како што информираат проверувачите на факти на на Factcheck.vlaanderen, самата болница...