среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: потерница | 61 резултати

Уапсен Алил Демири – баран со меѓународна потерница за убиствата кај Смилковско езеро

24 август 2023

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири, баран со меѓународна потерница во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Демири беше осуден на доживотна затворска казна, како првообвинет за петкратното убиство што се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смилковско Езеро […]

Не може да се споредуваат исчезнатите деца од Кливленд со оние кои се одведени од Украина

9 јуни 2023

Не може да се спoредуваат исчезнатите деца од Кливленд со оние кои се одведени од Украина. Станува збор за различни контексти, различни околности. За децата од Кливленд, околностите уште не се разјаснети и нема утврдено образец односно тенденција дека сите исчезнале на ист начин, бидејќи се работи за изолирани случаи со непознат исход. За децата […]

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

4 април 2023

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од […]

Никола Груевски не е во С. Македонија, ниту, пак, бил во земјава за својот роденден

5 септември 2022

Објавата дека експремиерот Груевски е во земјава се темели само на тврдењето дека неговата Фејсбук страница има четворица администратори кои се наоѓаат во Македонија, па оттаму се вади и заклучокот дека и Груевски е тука. Логичниот заклучок е дека за високопрофилиран политичар од негов ранг и калибар, којшто е баран во земјава и за него […]

Обвинителството се сомнева дека некој му помогнал на Мијалков да избега

22 февруари 2021

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение до јавноста најави дека се сомневаат дека при бегството на обвинетиот во случајот „Таргет-Тврдина“ Сашо Мијалков, е извршено кривично дело помагање на сторител во извршено кривично дело. Тие најавија расчистување на ваквите сомненија. Обвинителите за организиран криминал велат дека факт е оти во […]

МВР преку национална потерница ќе го бара Сашо Мијалков во државата

22 февруари 2021

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од […]

Третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски е екстрадиран од Германија

21 септември 2020

Дваесет и едногодишниот Ј.Љ, кој е третоосомничен за убиството на Никола Саздовски Саздо, денеска е екстрадиран од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи. Ј.Љ е осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29 јули 2018 година околу 17.35 часот во Скопје, заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените […]

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

4 септември 2020

Споменатиот вицепремиер Груби не е во блиско ниту подалечно сродство со еден осомничен за убиството на младо момче од Скопје, кој, патем, по потерница од МВР бил пронајден и приведен во Германија, пишува „Вистиномер.мк“ во рамките на својата ексклузивна соработка со Фејсбук за проверка на вистинитоста на објавите.   Пост со вистинска фотографија, но со […]

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

22 август 2020

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. […]

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

21 август 2020

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство […]

Панчевски од денеска се наоѓа во затворот во Шутка

15 јули 2020

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, од денeска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје, Шутка. Тоа за МИА го потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ. Според него, Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако се утврдило дека нема […]

МВР распиша потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски

14 јули 2020

МВР распиша национална потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски на кој му е одреден 30-дневен притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет и му се суди за кривичното дело “злоупотреба на службената положба и овластување”. „Судот до Секторот за внатрешни работи во Велес достави наредба […]

Штипското обвинителство отвори предистрага за бегството на Игор Спасов од затвор

5 ноември 2019

Основното јавно обвинителство од Штип по допрен глас ќе испитува како се случи специјалецот Игор Спасов да избега и да биде недостапен на органите на прогон, вклучувајќи го ѝ затворот „Идризово“, каде што издржува 14 – годишна затворска казна за убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје. – Предметот е во фаза на предистрага, […]

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

31 јули 2019

Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен во земјава по потерница на Србија. Кога ќе се прочита насловот […]

Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата по Никола Груeвски

13 мај 2019

Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на твининг-проект за усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања […]

Рускоска: Интерпол без образложение одбива да ги објави потерниците за Груевски и Бошковски

8 мај 2019

Централата на Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, изјави обвинителката Вилма Рускоска пред почетокот на Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција. „Последните информации од Интерпол Македонија се дека централата на Интерпол одбива да ја објави потерницата и дека не даваат […]

Интервју со бегалец од законот: Има ли правила?

6 февруари 2019

Разговорот кој го водеше новинарката на ТВ „Сител“ со експремиерот Груевски, кој е правосилно осуден по еден судски предмет, а по уште неколку се води како обвинет и судењата се во тек, подигна доста прав. Една од причините за тој интерес е и дилемата – дали треба да се разговара со бегалец од законот? Постојат […]

Обвинителство: Војминовски беше во домашен притвор поради здравствени проблеми

17 јануари 2019

Од Јавното обвинителство порачаа дека домашен притвор за сега избеганиот Никола Војминовски, кој беше осуден на 13 и пол години затвор за обид за убиство на Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, бил побаран поради здравствената состојба на осудениот. Војминовски во домашен притвор ја исчекуваше правосилноста на пресудата. По него […]

Полициите на Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски ги минал нивните граници

16 ноември 2018

Полициите и на Албанија и на Црна Гора вчеравечер се огласија со соопштенија по бројните написи во медиумите дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Будимпешта заминал преку двете земји. Двете земји потврдија дека во неделата Груевски ги напуштил земјите. Со оглед на фактот дека од Подгорица и од Тиват тој ден немало летови за […]

Спасовски: Груевски последен пат користел обезбедување во четвртокот

13 ноември 2018

Во четвртокот Никола Груевски последен пат го повикал  обезбедувањето кое му следува како поранешен премиер на земјата, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој појасни дека иако на Груевски му следува обезбедување, екипата доаѓа на повик, а не е постојано со него. – Според изјавите на обезбедувањето, последен пат тие го обезбедувале на […]

Страна 1 од 3