fbpx

Исмет Гури го напуштил куќниот притвор и за него е распишана потерница

На Гури, кој е осомничен заедно со 15 лица, меѓу кои и бизнисмени и вработени во УЈП за  за злосторничко здружување и даночна измама, првично му беше одреден притвор, кој заради здравствени прични беше заменет со куќен притвор

-

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, го напуштил местото каде што издржувал куќен притвор и за него е распишана потерница.

На Гури, кој е осомничен заедно со 15 лица, меѓу кои и бизнисмени и вработени во УЈП за  за злосторничко здружување и даночна измама, првично му беше одреден притвор, кој заради здравствени прични беше заменет со куќен притвор. Тој се сомничи дека проневерил околу 850 илјади евра.

Гури беше обвинет и во „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот му изрече казна од три години и шест месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...