Третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски е екстрадиран од Германија

-

Дваесет и едногодишниот Ј.Љ, кој е третоосомничен за убиството на Никола Саздовски Саздо, денеска е екстрадиран од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Ј.Љ е осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29 јули 2018 година околу 17.35 часот во Скопје, заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје.

„Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија“

Во изминатиот период од 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстрадирани, а за дел постапката е во тек.

Претходно „Вистиномер.мк“, во рамките на својата ексклузивна соработка со Фејсбук, за проверка на вистинитоста на објавите појасни дека осомничениот Ј.Љ е пронајден во Германија и истиот не е во блиско ниту подалечно сродство со вицепремиерот Артан Груби.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...