Таг: потерница
таг: потерница
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај уапсен во Франција
Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен премиер, Рамуш Харадинај, бил уапсен денеска во Франција по потерница од Србија, јавуваат светските медиуми.
Официјална потврда за апсењето на Харадинај сè уште нема од министерството за правда на Косово, но информацијата за косовските медиуми ја потврдило неговото семејство.
Косовските медиуми јавија дека Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена...
Германското обвинителство распиша потерница по Анис Амри
Сојузната криминалистичка служба на Германија по налог на обвинителството и со поддршка на покраинската полиција, спроведува интензивна потрага по Анис Амри, кој е осомничен дека го изврши нападот на божиќниот базар во Берлин, во кој загинаа 12 лица.
Обвинителството нуди и награда до 100.000 евра за информација што би помогнала да биде уапсен осомничениот.
По налог на обвинителството, исто така, е распишана...
Зоран Божиновски синоќа екстрадиран во Македонија
Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот бил екстрадиран во Македонија, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
- Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката - ни рекоа од МВР.
Неофицијално, Божиновски бил префрлен...
Драган Даравелски уапсен во Белград, потвди МВР
Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи.
Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските власти, но Белград сè досега...
Идентификувани бомбашите самоубијци од аеродромот во Брисел
Двајцата бомбаши самоубијци што го извршија нападот на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата, јави белгиската телевизијата „Ар-те-бе-еф“.
Белгиските власти и понатаму трагаат по третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, кој според белгиското федерално обвинителство, сè уште е во бегство. Станува збор за 25-годишниот Најим Лачарау, а неговата ДНК е...
Полициски рации во Белгија, издадена потерница за едно лице
Белгиската полиција врши рации во земјата по денешните терористички напади на аеродромот и на метро-станиците во Брисел, соопшти белгиското федерално обвинителство.
Властите соопштија дека можна е поврзаност меѓу нападите во Брисел и тие во Париз, но оти сè уште се истражуваат овие сомнежи.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија соработува со Белгија за да ги пронајде и да ги казни...
Меѓународна потерница за Ходорковски
Рускиот суд распиша меѓународна потерница за поранешниот нафтен магнат и бизнисмен Михаил Ходорковски и наложи негово апсење, соопшти портпаролот на Истражниот комитет, Владимир Маркин.
Потерницата е издадена откако Ходорковски, познат критичар на Кремљ, е обвинет за убиство.
На почетокот од месецов поранешниот нафтен моќник, во отсуство е обвинет дека го организирал убиството на градоначалникот на сибирскиот град Нефтејуганск во 1998 година. Приврзаниците на...
Српски државјанин баран од Интерпол поради убиство, приведен на Табановце
Државјанин на Србија, кого Интерпол Австрија го бара со потерница, вчераутро бил приведен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, соопшти полицијата.
Станува збор за С.Ќ. (37) од Белград, кого Интерпол го бара со меѓународна потерница поради основан сомнеж дека извршил убиство.
По приведувањето, српскиот државјанин бил предаден на полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.
Уапсени прилепчани барани со потерница
Тројца прилепчани по кои имало распишанa потерница за издржување затворски казни, деновиве се уапсени и спроведени во затвор, соопшти МВР.
Наредбите за приведување на тројцата криминалци биле издадени од прилепскиот Основен суд.
Во првиот случај лисици на рацете му се ставени на Диме А. (31), кој се бара поради издржување тримесечна затворска казна, и по потврдувањето на идентитетот тој бил спроведен во...
Харадинај пуштен од притвор, но останува во Словенија
Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој вчера беше уапсен на љубљанскиот аеродром, е пуштен од притвор по сослушвањето пред истражен судија во Крањ, пренесуваат медиумите.
Сепак, Харадинај, мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали меѓународната потерница по него сè уште е активна или не, изјавил државниот обвинител, Маринка Јерај.
Меѓународната потерница по него е распишана...
Уапсен поранешниот командант на босанската војска, Насер Ориќ
Швајцарската полиција денеска, на аеродромот во Берн, го уапсила поранешниот воен командант на одбраната на Сребреница, Насер Ориќ, врз основа на меѓународната потерница што под сомнеж за извршени воени злосторства, по него ја распиша Србија, пренесуваат српските и босанските медиуми.
Неговата адвокатка Васвија Видовиќ го потврдила апсењето на Ориќ, за босанскиот портал „Кликс.ба“(Klix.ba), пренесува ХРТ.
Инаку, Ориќ во Швајцарија требало да...
Криминалецот Авди Зенели уапсен пред Нова година
Во организирана акција на СВР Куманово и на Централните полициски сили (ЦПС), завчера во раните утрински часови бил уапсен кумановецот Авди Зенели(47), познат криминалец, кој се барал со централна потерница за издржување доживотна затворска казна, соопшти МВР.
Акцијата била спроведена по претходно добиени оперативни информации.
Како што информираат од полицијата, уапсениот Зенели е сторител на убиството на гостиварецот Зеќир Зеќири (46),...
Избеган затвореник стрелал во полициски специјалци
Триесет и четиригодишниот Р.Ј., кој се барал со потерница поради бегство од затвор, вчераутро во Тетово стрелал во припадници на специјалната полициска единица, кои дошле да го уапсат.
Во инцидентот нема настрадани, а по пукањето Р.Ј. успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.
Тој побегнал од штипскиот затвор каде што издржувал казна за убиство.
Како што информираат од МВР, инцидентот...
Интерпол трага по 25 Македонци
Меѓународната полиција Интерпол има распишано 25 потерници за македонски државјани, пишува весникот „Дневник“ .
Најмладиот на „црната листа“ на Интерпол има 27 години, додека најстариот 67 години. Потрагата по нив е распишана поради истрага или издржување затворски казни во Хрватска, Словенија, Словачка, Германија, Албанија, САД, Данска, Бахреин и во Романија.
Најмногу потерници за македонски државјани има распишано Националното биро на Интерпол...