fbpx
Таг: потерница

таг: потерница

Полициите на Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски ги минал нивните граници

Полициите и на Албанија и на Црна Гора вчеравечер се огласија со соопштенија по бројните написи во медиумите дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Будимпешта заминал преку двете земји. Двете земји потврдија дека во неделата Груевски ги напуштил земјите. Со оглед на фактот дека од Подгорица и од Тиват тој ден немало летови за Будимпешта, најверојатно Груевски ја...

Спасовски: Груевски последен пат користел обезбедување во четвртокот

Во четвртокот Никола Груевски последен пат го повикал  обезбедувањето кое му следува како поранешен премиер на земјата, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој појасни дека иако на Груевски му следува обезбедување, екипата доаѓа на повик, а не е постојано со него. - Според изјавите на обезбедувањето, последен пат тие го обезбедувале на 8 ноември кога го однеле до...

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да се трага по него

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега. -За акцијата немам сознанија, заради тоа што знам дека МВР од судот добило налог да распише потерница поради неможност да се најде осудено лице да му се даде упатен акт за отслужување на казна затвор. Јас очекувам дека...

Распишана потерница по Груевски

Откако неколку дена не можеше да го најде и да му врачи решение сам да се упати во затвор, Основниот суд побара од МВР да издаде потерница по екс премиерот Никола Груевски. Од МВР соопштија дека „постапуваат по наредбата“, што би требало да значи дека издале наредба за приведување. „Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето...

Кривична пријава за 28-годишен скопјанец за убиството на улицата Џон Кенеди

СВР Скопје соопшти дека во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, денеска поднел кривична пријава против О.А. (28) од Скопје, кого го сомничи дека е убиецот што на 20 декември лани на автобуска постојка спроти гимназијата „Цветан Димов“ на улицата Џон Кенеди го застрела со автоматска пушка 24-годишниот скопјанец Б.И., кој им подлегна на повредите. Убиецот е во бегство...

Распишана потерница преку Интерпол за петмина осомничени за 27 април

Министерството за внатрешни работи преку канцеларијата на Интерпол во земјава, распиша меѓународна потерница за петмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, кои се во бегство. Станува збор за Никола Митревски - Кољо, Александар Василевски - Нинџа, Младен Додевски, Дејан Давидовски и Митре Питроповски, кои досега се бараа само со домашна потерница. Сите петмина, Основното јавно обвинителство за...

Судот им одреди притвор на четворицата осомничени за 27 април кои се во бегство

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 им одредил мерка притвор на четворица осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година, кои се во бегство и против нив треба да биде распишана потерница, соопшти судот. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по добиено известување од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М.,...

МВР има несоборливи докази дека Ф.С. е убиецот на Мартин Јанушев, изјави Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска соопшти дека МВР има „несоборливи докази“ дека лицето Ф.С. го извршил убиството на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев, пред две недели во населбата Аеродром. Спасовски рече дека против Ф.С. е поднесена кривична пријава и дека на сила стапуваат и други мерки, како што е распишување на меѓународна потерница за пронаоѓање и за апсење на...

Уапсено лице кое се барало со потерница поради шверц на 20 килограми марихуана

Полицијата вчера го уапсила 39-годишниот М.О., по кој била распишана потерница поради шверц на 20 килограми марихуана од Косово во Македонија, во март годинава, соопшти МВР. По неколкумесечно бегство, осомничениот бил пронајден вчера и веднаш предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка. Тој и 65-годишниот Д.И., кој бил приведен при обидот за шверц на марихуната, се товарат за неовластено производство и...

Уапсен Игор Југ, еден од учесниците во насилствата од 27 април

Игор Југ, еден од учесниците во насилствата во Собранието од 27 април годинава, утрово е уапсен во стан во Куманово, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека 47-годишниот Југ е уапсен по претходна наредба од Основното јавно обвинителство Скопје од 16 мај оваа година. „На 21 септември 2017 година, од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни...

Кочан за „Труст“ на распит во СЈО

Бизнисменот Сеад Кочан денеска, во придружба на својот адвокат Никола Додевски се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство. Ниту бизнисменот, ниту неговиот адвокат не дадоа изјава за медиумите. Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“,кој претходно даде гаранција од околу 900 милиони евра и му го предаде пасошот...

Распишана потерница по поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ

Црногорската полиција распиша потерница по Светозар Маровиќ, единствениот претседател на федерацијата Србија и Црна Гора и висок државен функционер во Црна Гора, откако тој не се јави на издржување затворска казна и не ѝ врати на Црна Гора околу еден милион евра. Како што јавуваат локалните медиуми, високиот функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите се бара по потерница побарана...

Притворот и потерниците за Сеад Кочан укинати

Апелацискиот суд Скопје вчера до Основен суд Скопје ја доставил одлуката на Врховен суд со која се укинува притворот за бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, по што Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 донел одлука да ги повлече потерниците што судот ги изрече, изјави Стојанче Рибарев, в.д. претседател на Основен суд Скопје...

Интерпол издаде црвена потерница за кинески милијардер

Интерпол издаде црвена потерница за кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија. Потерницата е издадена во пресрет на неговото интервју за американската телевизија „Гласот на Америка“. Гуо дал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, но интервјуто е прекинато по 80 минути, иако било планирано да трае три часа. Таквиот потег...

Францускиот суд ја одложи одлуката за екстрадицијата на Харадинај за 27 април

Францускиот суд го одложи донесувањето на одлуката за случајот со Рамуш Харадинај за 27 април, по денешното две и полчасовно рочиште во судот во градот Колмар, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. „Дотогаш ќе почекаме уште малку. Ние сме во право и правдата ќе победи. Јас не побегнав од ничиј закон, ниту од косовскиот, ниту од меѓународниот. Српската јурисдикција...

Интерпол распиша „црвена потерница“ заради убиството на Ким Џонг-нам

Интерпол издаде потерница со највисок степен на приоритет за четири лица од Северна Кореја во врска со убиството на Ким Jонг-нам, соопшти шефот на малезиската полиција. Ким Jонг-нам беше убиен на 13 февруари, откако две жени на лицето му нанесоа нервен гас „ве-икс“, на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Малезиската полиција минатиот месец побарала помош од Интерпол за да им влезе во трага...

Апелација на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

Апелацискиот суд денеска, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна, на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Завчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил...

Додевски: Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати

Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати, изјави денеска неговиот адвокат Никола Додевски, по завршувањето на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, каде тој е бранител на првоообвинетиот Горан Грујовски. Додевски вели дека Кочан е слободен граѓани и дека тие бараат да се стави „надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства“, бидејќи во...

СЈО подготвува одговор на жалбата на Додевски за притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе одговор на жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, на решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на Кочан да му биде одредена мерка притвор, велат за „Мета“ од СЈО. Оттаму информираат дека денеска ја добиле жалбата на одбраната на Кочан и дека во рок од 24 часа ќе поднесат одговор на...

МВР распиша меѓународна потерница за Сеад Кочан

Распишана е меѓународна и домашна потерница за бизнисменот Сеад Кочан, кому му е одреден притвор за случајот „Труст“ на СЈО, потврди за „Алсат М“ министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. - Распишани се и централна и меѓународна потерница. Засега не можеме да потврдиме каде би можел да се наоѓа осомничениот од Специјалното обвинителство - вели Нухиу. Полицијата, како што соопшти вчера за...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...