fbpx

Заврши скрининг процесот со ЕУ, почетокот од преговорите за членство на земјава

Скрининг процесот траеше 15 месеци и претставува доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ

-

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ го затвори синоќешниот последен Билатерален состанок од Поглавјето 31 за Кластерот 6, во седиштето на Европската Комисија во Брисел. Почетната фаза од преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ е завршена, но за продолжување на преговорите со ЕУ неопходно е да се изгласаат уставните измени во Собранието на РСМ.

Скрининг процесот кој траеше 15 месеци, со ангажирање на 1.000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции претставува доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Од Секретаријатот посочуваат дека длабинскиот процес ја нагласил посветеноста за темелно внатрешно подобрување и сеопфатно усогласување со европските стандарди, покажувајќи ја нашата решителност и сериозност.

Како фаза што ќе следи до крајот на годинава е доставувањето на клучните документи кои се обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година, и тоа: Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ изјави дека сме сведоци на историски момент за Северна Македонија со отворањето на преговорите за членство на земјава во ЕУ.

„Скрининг процесот беше макотрпен, детален и долготраен процес но истовремено многу важен за да се постави здрава основа врз која ќе се постават цврсти столбови за градење сигурна иднина на македонското општество со европска перспектива“, изјави Маричиќ.

Тој се заблагодари на посветената работа на сите вклучени институции, вклучувајќи ја државната секретарка на СЕП Дрита Абдиу Халили, вработените во Секретаријатот за европски прашања и во релевантните министерства кои вредно работеле на скринингот.

Маричиќ додаде дека нашите најважни партнери се преставниците на Европската Комисија кои истовремено ги ислушале сите скрининзи, барале решенија за сите предизвици, детално ги слушале нашите прашања и ни помогнале да ја поставиме солидната основа врз која ќе ги градиме нашите реформи со кои ќе ја донесеме Северна Македонија што поскоро до полноправно членство на ЕУ.

„Сега е потребно да го задржиме темпото и да се соочиме со предизвиците што следат, затоа е многу важно да имаме план за реализација, за што сум благодарен на Генералниот директор на директоратот за проширување Герт Јан Копман, кој го презентираше Планот за Раст“, изјави Маричиќ.

Маричиќ ја истакна важноста на Планот за раст кој претставува револуционерен план – премостлив период помеѓу затворањето на скрининг процесот и отворањето на Кластерот 1. Уверувајќи дека со овој инструмент граѓаните ќе ги почуствуваат придобивките од инвестициите планирани со Планот за раст.

„Ве уверувам дека во следниот период, со посветена и упорна работа продолжуваме по патот којшто сме го зацртале и ќе успееме да ги убедиме и оние кои не веруваат дека сега е време за евроинтеграција. Сега е вистинско време за евроинтергација и секој ден на одложување, е ден помалку во Европската Унија за Северна Македонија“, изјави вицепремиерот Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...