Ќе се забрани вработувањето преку агенциите за привремени вработувања во јавниот сектор

Владата усвои пет закони за реформи во јавната администрација и дигиталната трансформација на државата, а еден од нив е Законот за јавниот сектор кој ја регулира постапката за вработување во институциите од јавниот сектор

-

Владата на Северна Македонија на 204-та седница на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) усвои пет закони за реформи во јавната администрација и дигиталната трансформација на државата. Еден од нив е Законот за јавниот сектор кој ја регулира постапката за вработување во институциите од јавниот сектор и го опфаќа образованието, здравството, администрацијата, локалната самоуправа, културата, судството, трудот и социјалната политика, транспортот и низа други институции, пренесува Порталб.мк.

„Законското решение се однесува на вработените во јавниот сектор и со него се регулира Организациската единица за управување со човечките ресурси и Мрежата на организациски единици за управување со човечките ресурси во институциите од јавниот сектор, кои досега беа регулирани со Законот за административни службеници“, изјави Азир Алиу на средбата со новинарите.

Тој објасни дека законот го дефинира принципот на забрана на дискриминацијата и принципот на употреба на јазиците и азбуките, го дефинира Етичкиот кодекс за вработените во јавниот сектор, овозможува еднаков пристап до работните места во јавниот сектор, професионалност и компетенции, правична и адекватна застапеност, родова еднаквост и инклузивност, ги тегулира титулите/називите и подгрупите во делот на класификацијата на работните места и ја прецизира можноста за систематизација и тоа двапати годишно, на најмногу 50% на вршителите на должност за кои се предвидени финансиски средства за плати и надоместоци на плата во буџетот на установата.

„Законот забранува вработување преку агенциите за привремени вработувања и вработување на определено време на раководни позиции. Во постапката за вработување секогаш треба да се избира најдобро рангираниот кандидат“, информира Азири.

Министерот објасни дека новина ќе биде и тоа што јавниот оглас освен на веб-страната на Агенцијата за администрација, ќе биде објавен и на веб-страната на институцијата.

Во нашата земја привремените вработувања речиси редовно се користат надвор од законот за да се вработат партиски членови, при тоа избегнувајќи ја редовната процедура. Државната комисија за спречување на корупцијата во 2020 година реагираше дека „со таквите вработувања се манипулира и со тоа што вработените се ангажирани да ги извршуваат задачите предвидени со систематизацијата на подолг период, а не како што е предвидено со закон, поради зголемениот обем на работа, замена на вработен кој е подолго време отсутен, или за некоја конкретна работа – проекти“.

Истото е потврдено и во Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021 – 2025 година за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година. Во извештајот се наведува дека Министерството за информатичко општество и администрација се заложило да ја отстрани можноста за вработување преку агенциите за привремени вработувања и можноста привремениот работен однос да се претвори во редовен без редовна процедура за вработување. Тоа не е реализирано во предвидениот рок, односно во втората половина на 2021 година.

Во изминатите години привремените вработувања беа жестоко критикувани во извештаите на Европската комисија како можност за вработување на партиски војници во јавната администрација. Овие вработувања се оквалификувани како „намерни, политички и самоволни вработувања“.

Имплементацијата на овој закон се очекува да започне од 2025 година.

Инаку, земјава во Извештајот од скринингот во областа на реформите во јавната администрација доби оценка 3. Според министерот Азир Алиу, со усвојување на овие два закони и законот за висока раководна служба оценката би се подобрила на 4 или 5.

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија...

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република...