Активистка во Белград казнета поради фрлање јајца на муралот на Ратко Младиќ

Откако активистките фрлиле неколку јајца на муралот што го чувала неидентификувани лица, дошла група цивили и ја привеле Ќоровиќ, при што таа давала отпор. Подоцна се покажало дека цивилите биле полицајци

-

Антивоената активистка Аида Ќоровиќ во вторникот доби парична казна од 100.000 динари (речиси 52.600 македонски денари) од Прекршочниот суд Белград, поради фрлање јајца врз муралот со Ратко Младиќ, односно, според пресудата „за нарушување на јавниот ред и навредување полициски службеници“.

Таа за „Гласот на Америка“ на српски јазик оценува дека е „донесена целосно паушална пресуда, за [судиите] да не се замерат со властите“.

Ќоровиќ во ноември 2021, на денот на Борбата против фашизмот и антисемитизмот учествуваше во протестот пред муралот со Младиќ насликан на фасада на една зграда во центарот на Белград.

Откако активистките фрлиле неколку јајца на муралот што го чувале неидентификувани лица, дошла група цивили и ја привеле Ќоровиќ, при што таа давала отпор. Подоцна се покажало дека цивилите биле полицајци.

Ќоровиќ истиот ден е пуштена од притвор.

За „Гласот на Америка“ таа вели дека на едно рочиште кажала дека е „многу впечатливо“ што во повикот за рочиштето не е споменато името на Ратко Младиќ, туку е наведено дека ја вознемирувала јавноста, односно како што кажува Ќоровиќ „затоа што сум ја гаѓала зградата“.

Ратко Младиќ е воениот лидер на босанските Срби во текот на војната во БиХ, за што беше осуден за воени злосторства од Меѓународниот трибунал во Хаг.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...